Надал против Зверев, Чилиќ против Руд во полуфиналето на Ролан Гарос


Со одигрување на последниот меч од четвртфиналната фаза, познати се четирите полуфиналисти кои се на два чекора до освојување на престижниот трофеј на Грен слемот во Париз.

Последен кој обезбеди место помеѓу четирите најдобри е Каспер Руд кој синоќа го победи Холгер Руне со 3:1.

Двојки за полуфиналето закажано за утре:
Рафаел Надал – Александар Зверев
Каспер Руд – Марио Чилиќ.

На женскиот дел од Ролан Гарос полуфиналињата ќе се играат денес, а во нив се среќаваат:
Ига Швјонтек – Дарија Касаткина
Мартина Тревисиан – Коко Гауф.