Ивановски ќе настапи на Австралија опен за јуниори


Австралија – Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски ќе учествува на Грен слемот во Мелбурн. Ивановски ќе настапи на јуниорскиот дел од Австралија опен од 22 до 29 јануари. Македонецот минатата година играше на Грен слемот Вимблдон каде стигна до осминафиналето и на Отвореното првенство на САД каде беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите. 

Кјелини позитивен на коронавирус, еден месец по третата доза


Италија– Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека искусниот 37-гoдишен дефанзивец Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус и се наоѓа во домашна изолација. Позитивни на Ковид-19 во торинскиот клуб претходно деновиве беа и Артур и Карло Пинсољио. Кјелини пред точно еден месец се вакцинираше со третата доза и беше еден од најгласните фудбалери на Јувентус …

Кјелини позитивен на коронавирус, еден месец по третата доза Read More »

Меси позитивен на Ковид


Франција- Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на Пари Сен-Жермен кои имаа позитивен тест на Ковид-19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои нема да можат да бидат во составот против Ван во Купот …

Меси позитивен на Ковид Read More »

Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати


Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против …

Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати Read More »

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува


Австралија- Шефот на Австралија опен, Крег Тајли вели дека има „уште многу работи да се постават на место“ за да се дознае дали светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од првиот гренд слем во 2022. 20-кратниот гренд слем шампион одбива да потврди дали е вакциниран за Ковид-19 и се повлече од …

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува Read More »

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“


Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата. До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода. Второто …

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“ Read More »

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е задоволен од настапот на тимот во досегашниот дел од сезоната. – Незадоволен сум од резултатите на Манчестер јунајтед. Сите сме несреќни, сигурен сум во тоа. Знаеме дека треба да работиме повеќе, да играме подобро и да покажеме повеќе отколку што покажуваме моментално. Нека Новата година биде пресвртна …

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер Read More »

Рафаел Надал оздраве од ковид и го потврди учеството на Австралија Опен


  Рафаел Надал, освојувачот на 20 грен слем титули, го потврди своето учество на првиот голем турнир во 2022 година, Австралија опен. Шпанецот на социјалните мрежи покажа фотографија од теренот „Род Лејвер“ во Мелбурн, каде се одржуваат натпреварите. Надал пристигна во Мелбурн и ги започна подготовките. „Не кажувајте никому. Еве ме“, напиша Надал на Твитер. …

Рафаел Надал оздраве од ковид и го потврди учеството на Австралија Опен Read More »

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка


Аргентина– Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот …

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка Read More »

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом


Англија– Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око. – Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе …

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом Read More »

Елмас втор пат позитивен на корона вирус


Македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас, е неизвесен за настап на првенственото дерби против Јувентус, идниот понеделник поради позитивен наод на коронавирус. Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација. – …

Елмас втор пат позитивен на корона вирус Read More »

Монако му врачи отказ на тренерот Ковач


Францускиот фудбалски прволигаш објави вечерва дека ја раскина соработката со тренерот Нико Ковач. Хрватскиот стратег седна на клупата на Монако минатото лето кога дојде од редовите на Баерн Минхен. Ковач го остава Монако шестопласиран во тековната сезона во француското првенство со 29 бодови, 17 помалку од водечкиот ПСЖ, но само четири помалку од второпласираната Ница. …

Монако му врачи отказ на тренерот Ковач Read More »

Европскиот првак Челзи објави загуба од 182 милиони евра


Актуелниот европски фудбалски шампион Челзи забележа загуба од 182 милиони евра во изминатата финансиска година која заврши на 30 јуни, објави вечерва премиерлигашот од Лондон. Челзи прецизираше дека загубите во најголем дел се предизвикани од намалување на профитот од продажбата на играчи, но и поради неоставрениот приход на денот на одигрување на натпреварите, откако на …

Европскиот првак Челзи објави загуба од 182 милиони евра Read More »

Стопирана продажбата на фудбалски влезници во Италија поради коронавирусот


Италија – Неколку италијански фудбалски екипи, меѓу кои и шампионот Интер, како и Јувентус, прекинаа со продажба на влезници за своите следни домашни натпревари, бидејќи поради растот на новозаразени со коронавирус, максималниот број гледачи е редуциран од 75 на 50 отсто од капацитетот на стадионите. Италија деновиве бележи зголемен број новозаразени со коронавирус, а денеска е …

Стопирана продажбата на фудбалски влезници во Италија поради коронавирусот Read More »

Нови случаи на коронавирус во Барселона, Чави нема на располагање ниту 11 фудбалери


  Уште тројца фудбалери на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона се позитивни на коронавирус што дополнително му ја отежнува задачата на тренерот Чави пред следниот натпревар во Ла Лига. Заразени со Ковид-19 се Фелипе Кутињо, Сержињо Дест и Ез Абде, објави попладнево Браселона, која в недела ја очекува гостување кај Мајорка. Вкупната бројка на заразени фудбалери …

Нови случаи на коронавирус во Барселона, Чави нема на располагање ниту 11 фудбалери Read More »

Почина поранешниот фудбалер и тренер на Вардар Ванчо Трпески


На 87-годишна возраст почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски. Тажната вест денес на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка пејачката Искра Трпева. – Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. …

Почина поранешниот фудбалер и тренер на Вардар Ванчо Трпески Read More »

Лазаров: Имам јасна целосна слика


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е задоволен од изданието на неговите избраници на вчерашниот натпревар со Кувајт (22:21), втор меѓусебен тест дуел на двете селекции. – Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг …

Лазаров: Имам јасна целосна слика Read More »

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља …


Шпанија – Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем. Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца. Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига. Второпласираната …

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља … Read More »

Елејн Томсон и Левандовски најдобри во 2021 во избор на спортските новинари


Швајцарија– Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон – Херах и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2021 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Ова е прва награда во изборот на AIPS за Томсон, која на Летните олимписки игри во Токио освои три златни медали, на 100 и 200 метри, како и во штафетната трка …

Елејн Томсон и Левандовски најдобри во 2021 во избор на спортските новинари Read More »

МТВ ќе го пренесува Европското ракометно првенство


Натпреварите на македонската ракометна репрезентација од престојното Европско првенство ќе бидат пренесувани на МТВ. Македонската радио телевизија успеа да се договори со Арена која ги има правата за овој регион за ЕП, па ќе ги гледаме натпреварите од големиот ракометен турнир и на македонски. „Во групната фаза ќе има преноси од натпреварите во термините од …

МТВ ќе го пренесува Европското ракометно првенство Read More »