Европскиот првак Челзи објави загуба од 182 милиони евра


Актуелниот европски фудбалски шампион Челзи забележа загуба од 182 милиони евра во изминатата финансиска година која заврши на 30 јуни, објави вечерва премиерлигашот од Лондон.

Челзи прецизираше дека загубите во најголем дел се предизвикани од намалување на профитот од продажбата на играчи, но и поради неоставрениот приход на денот на одигрување на натпреварите, откако на навивачите им беше забранет влез на стадионите поради пандемијата на коронавирус.

Претходната финансиска година, пред да почне пандемијата, Челзи оствари добивка од 47 милиони евра.

Вкупниот промет, како што соопшти европскиот првак, е заголемен од 486 на 518 милиони евра поттикнат од успехот во Лигата на шампиони. Меѓутоа, влијанието на пандемијата резултираше со минус од 182 милиони евра.