Рафаел Надал оздраве од ковид и го потврди учеството на Австралија Опен

Учеството на Надал беше доведен во прашање откако на 20 декември објави дека е заразен со корона вирус


 

Рафаел Надал, освојувачот на 20 грен слем титули, го потврди своето учество на првиот голем турнир во 2022 година, Австралија опен. Шпанецот на социјалните мрежи покажа фотографија од теренот „Род Лејвер“ во Мелбурн, каде се одржуваат натпреварите.

Надал пристигна во Мелбурн и ги започна подготовките.

„Не кажувајте никому. Еве ме“, напиша Надал на Твитер.

Неговото учество беше доведен во прашање откако Шпанецот на 20 декември објави дека е заразен со корона вирус. Ова се случи по учеството на ревијалниот турнир во Абу Даби, каде што тој настапи за прв пат по четиримесечна пауза и лекување на повреда на стапалото.

Сега е прашање дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот. Србинот се повлече од АТП купот и неговото присуство на Австралија опен сѐ уште не е потврдено. Руската верзија на Еуроспорт објави дека Србинот одбил да се вакцинира и дека ќе го пропушти турнирот.

Третиот тенисер со 20 грен слем титули , Роџер Федерер, се опоравува од операција на коленото и нема да игра до лето.

Австралија опен е закажан за 17-30 јануари.