Нови случаи на коронавирус во Барселона, Чави нема на располагање ниту 11 фудбалери


 

Уште тројца фудбалери на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона се позитивни на коронавирус што дополнително му ја отежнува задачата на тренерот Чави пред следниот натпревар во Ла Лига.

Заразени со Ковид-19 се Фелипе Кутињо, Сержињо Дест и Ез Абде, објави попладнево Браселона, која в недела ја очекува гостување кај Мајорка.

Вкупната бројка на заразени фудбалери со коронавирус во редовите на Барселона сега е десет, а тренерот Чави во моментов на располагање има само деветмина здрави играчи. Поради тоа дополнително од Б тимот за денешниот тренинг беа повикани осуммина младинци.