Почина поранешниот фудбалер и тренер на Вардар Ванчо Трпески


На 87-годишна возраст почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски. Тажната вест денес на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка пејачката Искра Трпева.

– Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко, напиша Искра Трпева.

Ванчо Трпевски беше фудбалер и тренер на Вардар, а како селектор работеше во младински македонски селекции.