Милевски го одреди почетниот состав за дуелот со Бугарија


Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација одлучи со кои 11 ќе стартува вечерва против Бугарија во последното коло од групата во Лигата на нации. Во составот на Милевски се најдоа: голман: Столе Димитриевски одбрана: Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Тодор Тодоровски, среден ред: Александар Трајковски, Енис Барди, Елиф Елмас и Езѓан Алиоски напад: […]

„Макпетрол“ најуспешен на младинскиот карате куп на Македонија


Шест златни и еден сребрен медал освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на младинскиот карате турнир „Куп на Македонија“. Преку ова изборно натпреварување ќе се селектира репрезентацијата што ќе учествува на претстојното светско првенство во Коња, Турција од 26 до 30 октомври. На турнирот учествуваа 220 каратисти од 49 клубови. Седум члена на „Макпетрол“ се натпреваруваа […]

Милевски побара спортот, а не политиката, да биде во центарот на мечот со Бугарија


  Утрешниот меч од фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Бугарија носи со себе значаен политички момент, па македонскиот селектор Благоја Милевски побара публиката да биде коректна и да навива фер и во центарот на мечот да биде спортот. На денешната прес-конференција Милевски нагласи дека за време на гостувањето во Разград, бугарските домаќини и […]

ФФМ апелира за фер навивање на утрешниот меч против Бугарија


 Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија во Скопје, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот. – Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат […]

Ѓоковиќ за разделбата со Федерер: Ме трогна кога неговите деца излегоа на теренот и плачеа


 Новак Ѓоковиќ го коментираше збогувањето со Роџер Федерер. Вчера Швајцарецот го одигра последниот натпревар во кариерата. – Мислам дека сите ќе се согласат дека тоа беше еден од најубавите моменти што сме ги доживеале. Сите знаевме дека тоа ќе биде емотивно збогување со Роџер. И на крајот сите подлегнавме на овие емоции. Чувствата беа измешани. […]

Надал се повлече од Лејвер купот


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од натамошниот настап на Лејвер купот од лични причини, откако вчера настапи во двојки со својот пријател и ривал Роџер Федерер во последниот натпревар на Швајцарецот во кариерата. Надал во Тимот на Европа ќе го замени Камерон Нори. Федерер и Надал вчера во дуелот во двојки загубија од американскиот тандем Џек Сок и Франсис Тијафо со […]

Почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски


Реномираниот македонски ракометен стратег Андон Бошковски почина ненадејно на 47-годишна возраст, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Изразувајќи сочувство до семејството РФМ соопшти дека веста за смртта на Бошковски е примена со „длабока тага и неверување“. Бошковски во кариерата предводеше голем број македонски екипи, а имаше и меѓународна кариера. На домашната сцена беше на чело на металург, Вардар […]

Зајков: Не заслуживме пораз од Грузија


  Македонската фудбалска репрезентација со вчерашниот пораз од Грузија во Тбилиси (2-0) ги загуби шансите за освојување на првото место во групата 4 во Лигата на нации и ќе се обиде в понеделнник во Скопје со триумф над Бугарија со победа да го заврши циклусот во натпреварувањето. Репрезентативниот дефанзивец Ѓоко Зајков сумирајќи ги впечатоците од […]

Федерер го одигра последниот меч во величествената кариера, емотивна разделба со натпреварите


Роџер Федерер (41), швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, го одигра последниот меч во кариерата. Тој го одигра во двојки заедно со својот најголем ривал Рафаел Надал и се прости од натпреварувањата во тенис со пораз од Џек Сок и Френсис Тиафо (4:6, 7:6, 11:9) на Лејвер купот во Лондон. […]

Лига на нации: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Грузија 


  Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите за промоција во повисок ранг во Лигата на нации и место во баражот за пласман на ЕУРО 2024, откако вечерва претрпе пораз на гостински терен од Грузија во Тбилиси со 2:0 (1:0) во рамки на претпоследното коло во групата 4. Грузија извојува победа искористувајќи ги максимално грешките во македонската одбрана, […]

Федерер вечерва се збогува со тенисот 


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.  Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а […]

Раст на бројот навивачки инциденти во Англија и Велс


  Бројот на пријавени инциденти на фудбалските натпревари во Англија и Велс пораснал за 60 отсто во однос на сезоната пред пандемијата на коронавирусот, објавија британските власти. Податоците на Министерството за внатрешни работи во Лондон покажуваат дека инциденти се пријавени на 1.609 од 3.019 натпревари одиграни минатата година во Англија и Велс. Апсењата поврзани со […]

Милевски и Алиоски од Тбилиси: Дојдовме по победа


Победнички амбиции пред утрешниот натпревар против Грузија во рамки на претпоследното коло во Лигата на нации искажаа македонскиот селектор Благоја Милевски и репрезентативецот Езѓан Алиоски на вечерашната официјална прес-конференција во Тбилиси.  –Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против […]

Федерер потврди настап со Надал на збогување со тенисот


  Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер утре на Лејвер купот ќе го одигра последниот натпревар во својата блескава кариера и тоа во двојки со својот голем ривал Рафаел Надал, соопштија денеска организаторите во Лондон. Федерер и Надал ќе настапат заедно против американските тенисери Џек Сок и Франческо Тиафо со што Швајцарецот […]

Пандев сака да остане во фудбалот и да работи како спортски директор или како менаџер


  Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер. Тој не се гледа во улога на тренер: „Сакам да работам со деца, да им помагам, да ги советувам, да им пренесам дел од […]

„Алкалоид“ отвори нов шаховски дом


Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици. Со повлекувањето на […]

Федерер на Лејвер купот само во парови


Швајцарецот Роџер Федерер на својот проштален настап во кариерата во дресот на тимот на Европа на претстојниот Лејвер куп во Лондон ќе настапи само во парови, а не и во поединечна конкуренција. Лејвер купот меѓу екипите на Европа и остатокот на светот е на програмата од 23 до 25 септември во лондонската О2 Арена. -Мислам дека би можел в […]

Одржана Конференција по повод Меѓународниот ден на Универзитетскиот спорт


На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија се одржа Конференција по повод Меѓународниот ден на универзитетскиот спорт прогласен од УНЕСКО – 20 септември, на тема „Песперктивите на универзитетскиот спорт во Република Северна Македонија“. На конференцијата поздравни обраќања имаа претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија, проф. […]

Барселона објави заработка од 98 милиони евра


  Каталонскиот гигант Барселона објави денеска дека регистрирала добивка од 98 милиони евра за финансиската година 2021-22, а за оваа сезона предвидува добивка од 274 милиони евра.  Барселона е втора на листата на Форбс на највредни фудбалски екипи со проценета вредност од пет милијарди евра, зад ривалот Реал Мадрид, кој е проценет на 5.1 милијарди […]

Последен ден за пријавување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“


  Заинтересираните тркачи уште денеска ќе можат да се пријавуваат за 18-та скопска трка „Виз Ер Скопски маратон 2022“, што ќе се одржи на 2 октомври годинава. „Виз Ер Скопски Маратон“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата […]