До утре е пријавувањето за штафетната трка на Business Run 2022


  Сите заинтересирани компании најдоцна до утре можат да се пријават за штафетната трка за тимови од македонскиот бизнис сектор, Business Run 2022, што ќе се одржи на 24 септември во Скопје. Во трката учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност […]

„Освој го врвот на Џевахир кулите“ ќе се одржи на 20 ноември 2022


  На барање на голем број на натпреварувачи и  спортски активни лица кои сакаат да бидат дел од првата „Освој го врвот на Џевахир кулите“ (Cevahir Tower Run) трка, датумот на одржување на Cevahir Tower Run е поместен на 20 ноември 2022 (недела). Причината за одложување на првата трка по скали во Македонија е големиот […]

Прогласена идеалната петорка на Евробаскет 2022


  ФИБА ја прогласи идеалната петорка на Евробаскет 2022 година. Во „Ол-стар“ тимот на турнирот се најдоа: Јанис Адетокунбо (Грција), Руди Гобер (Франција), Денис Шредер (Германија), Лоренцо Браун (Шпанија) и Вили Хернангомес (Шпанија). За најкорисен играч (МВП) на 41. Европско првенство е прогласен Хернангомез (Шпанија).

Шпанија по четврти пат европски кошаркарски шампион


Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат се искачи на европскиот кошаркарски трон. Избраниците на селекторот Серџо Скариоло синоќа во финалето на Евробаскет 2022 ја совладаа Франција со 88:76. Хуан Хернангомез со 27 поени беше најефикасен во победничкиот состав, Еван Фурние со 23 се истакна во поразениот тим. Шпанците клучната разлика ја направија во првото полувреме […]

Реал сака да организира меч Федерер – Надал на обновениот Бернабеу во 2023 година


Реал Мадрид сака да организира натпревар помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Според „As“, мадридскиот клуб планира да организира ревијален натпревар кога ќе завршат работите на стадионот во летото 2023 година. Монтажната трева ќе му овозможи на Реал Мадрид да постави каква било подлога потребна за настани од секаков вид. […]

Билетите за последниот натпревар на Федерер достигнаа цена од 68.000 евра


Влезниците за последниот дуел во кариерата на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на претстојниот Лејвер куп во Лондон достигнаа цена од фантастични 68.000 евра, објавија британските медиуми. Федерер во средата објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по турнирот во Лондон на кој ќе настапи во тимот на Европа заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека настапот на […]

Прва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид


Изминатиот викенд во Охрид се одржа едукативна средба помеѓу спортските новинари од повеќе спортски медиуми во земјава. Иницијатор за оваа средба беше Секцијата на спортски новинари при ЗНМ, која во рамките на своите активности за оваа година планира уште неколку средби помеѓу претставници од спортките федерации во државата. Основната цел за ваквите средби помеѓу новинарите […]

Германија бара УЕФА да ја исклучи Белорусија од ЕУРО2024


Домаќинот на ЕУРО 2024, Германија, ја повика УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за завршниот турнир поради поддршката од официјален Минск на Русија во војната против Украина, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.  Во писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така, апелира на суспензија на руските […]

Погледнете што му порача Ѓоковиќ на Федерер за неговото збогување


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува по Лејвер купот кој следната недела ќе се игра во Лондон. Неговата објава предизвика вистинска поплава од пораки од тенискиот и спортскиот свет со кои се збогуваа со швајцарската легенда. Денеска се огласи и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој на својот Инстаграм профил објави емотивна […]

Билетите за последниот меч на Федерер се продаваат за 59.000 фунти 


  Англија- Цените на билетите за Лејвер купот следната недела во Лондон се искачија на речиси 60.000 фунти откако Роџер Федерер објави дека е последен негов меч. Веста за пензионирањето на 20-кратниот шампион не беше сосема неочекувана поради неговата возраст и повредите на коленото, но потврдата стана светска вест. Исто така, неговото последно појавување, во […]

Билетите за дуелот против Бугарија од понеделник во продажба


Продажбата на билети за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија, на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе почне во понеделник.  Како што објави Фудбалската федерација на Македонија, билетите ќе се продаваат по цена од 250 и 350 денари за Северната и Јужната трибина.  […]

Со „Спорт лајф“до стан во Скопје


 Оваа сезона, играчите на Sport Life обложувалници ги очекува нов стан во Скопје. Натпреварот за оваа вредна премија се одвива од 01.09.2022 година до 30.06.2023 година, во девет месечни и една финална етапа. Секој месец, најдобрите 100 играчи со погоден највисок коефициент на добитен тикет, како и 50-те најдобри од Типстер на месецот, обезбедуваат директен […]

Полуфинални пресметки денеска на ЕП во кошарка 


  Двете полуфинални пресметки се на програмата денеска на Евробаскетот 2022,   а првиот финалист ќе го даде победникот на дуелот меѓу репрезентациите на Полска и Франција од 17:15 часот.  Полска до битката за пласман во полуфиналето дојде со сензационален триумф над актуелниот европски првак Словенија (90-87), додека Франција со многу среќа по продолжение ја совлада Италија (93-85).  Во второто полуфинале кое е закажано за 20:30 часот ќе […]

Форбс: Федерер меѓу шесте спортисти кои заработиле над 1 милијарда долари


  САД-  Роџер Федерер се пензионираше во средата како еден од најдобрите тенисери досега. Тој освои 20 Гренд слем титули, а особено беше доминантен помеѓу 2003 и 2007 година, кога освои 10 Мејџорси, вклучувајќи го и Вимблдон пет пати. Неговите најтешки ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, неодамна го надминаа Федерер во трката за Грен […]

Серхио Рамос е подготвен да го продолжи договорот со ПСЖ


Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос е подготвен да го продолжи договорот со францускиот клуб, тврди новинарот Адриен Грение. Триесет и шестгодишниот Шпанец е отворен за разговори за продолжување на соработката. Актуелниот договор на играчот истекува на крајот од сезоната. Да потсетиме дека пред една година раководството на ПСЖ размислуваше да ја прекине соработката со играчот […]

„Шампион на шампионите“: Пензионирањето на Федерер стана светска вест


Швајцарија- Почитта брзо пристигна во четвртокот кога Роџер Федерер објави дека се повлекува од тенисот по кариерата која траеше повеќе од две децении и му донесе 103 титули во сингл. Ривалството на Федерер со Рафаел Надал е дефинитивен дел од тенисот овој век, а Шпанецот изрази жалење што нема да се сретнат повторно во финале […]

Федерер ќе се пензионира по Лејвер купот


  Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер објави дека одлучил да стави крај на кариерата. Четириесет и едногодишниот Швајцарец најави дека неговиот последен турнир ќе биде Лејвер купот. Тој поради бројните повреди нема да може да ја продолжи кариерата. Федерер последен пат се појави на теренот во јули минатата година во рамките на […]

Дончиќ ја презема вината за четвртфиналниот пораз од Словенија


  Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство. Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите. – […]

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


  Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија. Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на […]

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде


Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, можеше да ја продолжи кариерата во Англија. Според шпанскиот спортски весник „Ас“ Ливерпул претендирал за потписот на 24-годишниот Уругваец. Се известува дека англискиот клуб во последните денови од летниот преоден рок понудил 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Валверде минатата сезона забележа 46 настапи во […]