Тите е уверен дека Нејмар сепак ќе игра уште на Светското првенство


 

Бразилскиот селектор Тите даде свое видување за повредата на напаѓачот на репрезентацијата Нејмар.

Триесет годишниот Бразилец беше заменет во второто полувреме од синоќашниот натпреварот (2:0) против Србија на Светскто првенство 2022 по дуелот со српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.

– Можете да бидете сигурни дека Нејмар повторно ќе игра на овој Мундијал. Ова сигурно го знам, изјави Тите за „RMC Sport“.

Бразилскиот лекар вели дека Нејмар го исчашил десниот зглоб. Сè уште не се знае дали и колку ќе треба Нејмар да паузира.