Петти ден на Мундијалот: Пресметка меѓу Србија и Бразил, игра и Португалија на Роналдо


 

На петтиот ден од Мундијалот се закажани четири натпревари, а ќе играат сите селекции од групите Г и Х.

Од 11 часот играат Швајцарија и Камерун, со што почнуваат натпреварите во групата Г.

Во другите термини ќе играат Уругвај и Јужна Кореја од 14:00 часот, а од 17:00 часот Португалија и Гана. Последниот натпревар на денот е натпреварот помеѓу Србија и Бразил.

Група Г
11:00 Швајцарија – Камерун, стадион Ал Џануб

20:00 Србија – Бразил, стадионот Лусаил иконик

Група Х
14:00 Уругвај – Јужна Кореја, Стадион Едукејшн Сити

17:00 Португалија – Гана, Стадион 974