Австралија ја победи Хрватска за финале во Дејвис купот


 

Австралиската машка тениска репрезентација се пласираше во финалето на годинешното издание на Дејвис купот откако во полуфиналето во Малага ја совлада Хрватска со 2-1.

Решавачкиот бод на Австралија ѝ го обезбедија Макс Пусел и Џордан Томсон кои во дуелот на двојки беа поуспешни од Никола Мектиќ и Мате Павиќ со 6-7, 7-5, 6-4.

Претходно Хрватска во водство ја донесе Борна Чилиќ со победа над Танаси Кокинакис (6-4, 6-3), додека на 1-1 израмни Алекс Де Минаур совладувајќи го Марин Чилиќ со 6-2, 6-2.

Австралија во финалето закажано за в недела ќе игра против победникот од денешното второ полуфинале меѓу Италија и Канада.