Шпанци ја предводат АТП листата- Алкараз и Надал на врвот


  САД– Бр. 1 Карлос Алкараз и бр. 2 Рафаел Надал се првите сонародници кои се на врвот на АТП рангирањето по 22 години. И двајцата играчи од Шпанија се првите луѓе од друго место освен од Соединетите Американски Држави кои седнаа на 1-2 позицијата откако турнејата воведе компјутеризирано рангирање во 1973 година. Алкараз е […]

Почина учесник на Лондонскиот маратон


 Еден од учесниците на маратонската трка која вчера се одржа во Лондон почина откако колабираше за време на маратонот, соопштија денеска организаторите.  Идентитетот на починатиот учесник на лондонскиот маратон не е објавен, а организаторите наведоа дека станува збор за 36-годишен маж од југоисточна Англија.   Тој колобарил на 38. километар од трката.  – Иако прими итна медицинска помош која […]

Дебитантот Халанд урива рекорди во Премиер лигата


Норвешкиот голгетер во редовите на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, постави нов рекорд во својата дебитантска сезона во Премиер лигата, откако го постигна третиот хет-трик за што му беа потребни само осум натпревари, пренесуваат денеска британските медиуми. Манчестер сити вчера во градското дерби го совлада Манчестер јунајтед со 6-3 во натпревар од 9. коло во Премиер […]

Флојд Мејведер доби доживотна забрана да купува во „Бугати“


Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер Јуниор (44) се најде на црната листа на познатиот производител на автомобили Bugatti откако направи неверојатен потег и доби забрана да ги купува нивните возила. Американецот отсекогаш делувал опседнат со пари, поради што го добил прекарот Money за време на блескавата кариера во рингот каде што помина непоразен во 50 […]

Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив. Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути. За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл). Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во […]

Чави сруши рекорд на Зидан: Сè е џабе ако не освојуваме трофеи


Фудбалерите на Барселона синоќа ја победија Мајорка на гости, а тренерот на каталонскиот тим Чави се запиша во историјата на шпанската Ла Лига. Барселона победи со 1:0 со голот на Роберт Левандовски во 20. минута, а Чави го доведе својот тим до 18. последователен натпревар без пораз на гостински терен и со тоа го собори […]

Перез победи на трката за Големата награда на Сингапур


 Пилотот на Ред Бул, Серхио Перез победи на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево по македонско време за Големата награда на Сингапур. Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц завршија на второто и третото место, додека тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис и Дан Рикардо завршија на четвртото и петтото место. Лидерот во […]

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон


На осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши […]

Навивачите влегоа на терен по фудбалски натпревар во Индонезија, загинаа најмалку 174 луѓе


Бројот на загинати во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија се искачи на 174, од кои повеќето беа прегазени до смрт откако полицијата употреби солзавец за да ги разбие немирите во саботата, што го прави еден од најсмртоносните спортски настани во светот. Немирите избувнаа откако натпреварот заврши во саботата навечер кога домаќинот Арема ФК од […]

Рамос повтори рекорд во Лига 1


Одбранбениот фудбалер на пари Сен-Жермен, Серхио Рамос ја продолжи серијата без пораз во француското првенство. Шпанецот е без пораз на 21 првенствен натпревар по ред. Парижаните имаат 17 победи и четири нерешени исходи со Рамос во составот. Рамос го израмни рекордот на поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Хуан Пабло Сорин, кој исто така беше непоразен на […]

Во Скопје се одржува „Скопскиот маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи


„Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците. Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и […]

Во недела се одржува 18 – тиот „Виз Ер“ Скопски маратон


Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година. Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, – […]

Американките први финалистки на СП во кошарка


 Кошаркарите на Соединетите Американски Држави се пласираа во финалето на Светското првенство во Австралија, откако денеска во првото полуфинале триумфираа убедливо над Канада со 83-43 (27-7, 18-14, 22-8, 16-14).  Американската репрезентација лесно ја запипша 29 последователна победа на светските првенства на кои последен пат беше поразена во 2006 година од Русија.  Од друга страна, Канада […]

СП 2022: Вакцинирањето против Ковид – 19 нема да е задолжително за фудбалските навивачи 


  Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет.  –Луѓето кои ќе дојдат во Катар немаат обврска да престојуваат во карантин, без разлика на вакциналниот статус […]

Мукаетов: Чест и задоволство е да бидеме организатори на најголемиот спортски настан во Македонија во последните десет години


  Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес на прес-конференција, рече дека е чест да се биде организатор на сениорското Европско првенство. – Во периодот од 4 до 20 ноември годинава се одржува Европското првенство за ракометарки во Словенија, Македонија и Црна Гора. За нас е голем предизвик задоволство и чест што можеме […]

Порше се откажа од влез во Формула 1


  Германската автомобилска компанија Порше се откажа од идејата да учествува во Формула 1 како снабдувач на мотори. Првично, Порше сакаше да купи 50 проценти од Ред Бул. Сепак, преговорите не завршија успешно. Според „Auto-Motor-und-Sport“, Порше одлучи да не бара партнери за алтернативен договор и го ограничи својот план да се натпреварува во Формула 1 […]

Ѓоковиќ: Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво


  Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ призна дека е решен да продолжи да игра тенис. – Сè уште сакам да играм тенис, иако постигнав речиси сè што може да се постигне во него. Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво. Бев решен да играм во Лејвер купот и […]

Медиуми: Завршниот турнир во Лигата на нации во Холандија


  Завршниот турнир во фудбалската Лига на нации ќе биде одигран во холандските градови Ротердам и Еншеде од 14 до 18 јуни идната година, јавија денеска локалните медиуми. Пласман во финалниот турнир засега обезбедија Холандија, Хрватска и Италија, додека четвртата репрезентација ќе биде Португалија или Шпанија. УЕФА сè уште официјално не ја соопшти земјата домаќин, […]

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации


  Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Бугарија со 1:0. Речиси цел натпревар „рисовите“ го одиграа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тодор Тодоровски во 14. минута по еден остар старт. Кирил Десподов во 50. минута го постигна единствениот гол на Националната арена „Тодор […]

Тодоровски исклучен, македонската фудбалска репрезентација има 0:0 на полувреме со Бугарија


 Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ е домаќин на Бугарија. По првите 45 минути резултатот е 0:0. Голем хендикеп за „црвено-жолтите“ е исклучувањето на Тодор Тодоровски кој доби директен црвен картон во 14. минута по еден остар старт на својата половина. […]