Целото трето коло на Мундијалот ќе се игра во четири дена
Денес (понеделник) во Катар ќе се одиграат сите натпревари од второто коло од групната фаза на Мундијалот. Навивачите се навикнаа на дури четири натпревари дневно – во 11, 14, 17 и 20 часот. Сепак, ова е последниот ден од целодневната програма на Мундијалот и од утре се се менува, пишува Спорт клуб.
Причината е што натпреварите од последното коло од истата група мора да се играат во исто време за да се намали можноста за манипулации. Така, целото трето коло ќе се игра за четири дена, од вторник до петок, а ќе се игра во два наврати – 16 и 20 часот.