Винисиус истрчал најмногу во Лигата на шампионите, 133 километри на 13 натпревари


Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е фудбалерот со најголема километража во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22. Според официјалниот сајт на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), 21-годишниот Бразилец истрчал 133 километри на 13 натпревари на турнирот. Играчите од средниот ред на Виљареал, Етјен Капу и Даниел Парехо ги поделија второто и третото место по овој …

Винисиус истрчал најмногу во Лигата на шампионите, 133 километри на 13 натпревари Read More »

Заврши „Европската фудбалска недела 2022“ на Специјална олимпијада Македонија


На фудбалскиот терен на Вардар во Скопје во присуство на повеќе од 70 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје, Тетово, Штип и Струмица викендов заврши одбележувањето на Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија, која се одбележува по 22 пат на ниво на Европа. Европската фудбалска недела 2022 е иницијатива …

Заврши „Европската фудбалска недела 2022“ на Специјална олимпијада Македонија Read More »

Клоп: Финалето е успех, но не е успехот што го посакувавме


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците од финалето на Лигата на шампионите, кое неговиот тим го синоќа го загуби од Реал Мадрид со 1:0. – По овој пораз никој кај нас не чувствува дека сезоната е одлична. Можеби ни требаат неколку часа за да сфатиме. Одигравме добар, но не и совршен натпревар. Мислам …

Клоп: Финалето е успех, но не е успехот што го посакувавме Read More »

Анчелоти: Никогаш не ни сонував дека ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот оваа сезона по победата во финалето од Лигата на шампионите над Ливерпул (1:0). -Тоа беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата …

Анчелоти: Никогаш не ни сонував дека ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите Read More »

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион


Реал Мадрид вечерва во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 59. минута. Во 45. минута главниот судија на средбата Клемент Турпин со помош на ВАР го поништи голот на Карим Бензема поради офсајд. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по …

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион Read More »

Челзи официјално во сопственост на американски конзорциум


Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челзи, соопшти денеска лондонскиот клуб. – Фудбалскиот клуб Челзи може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана в понеделник, соопшти Челзи. Американскиот …

Челзи официјално во сопственост на американски конзорциум Read More »

УЕФА ги раздвои украинските и белоруските екипи


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе делува во насока да спречи екипите од Украина и Белорусија при жрепките да бидат извлечени да играат меѓусебно во кое било натпреварување во иднина, објави Извршниот комитет на УЕФА. Одлуката донесена синоќа е одговор на поддршката на официјален Минск на руската инвазија врз Украина. УЕФА во март одлучи белоруските репрезентации …

УЕФА ги раздвои украинските и белоруските екипи Read More »

Клоп пред финалето во Лигата на шампиони: Ќе играме и за Украина


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, порача дека неговите фудбалери во вечерашното финале од Лигата на шампиони нема да играат само за себе и своите навивачи, туку и за Украина. – Ова финале го играме не само за себе, туку и за Украина. Сигурен сум дека и украинскиот народ ќе го гледа финалето, а ние несомнено …

Клоп пред финалето во Лигата на шампиони: Ќе играме и за Украина Read More »

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Ролан Гарос


Франција– Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос каде во три сета убедливо го совлада 32-годишниот Словенец Аљаж Бедене. По еден час и 45 минути борба, Ѓоковиќ триумфираше со 3:0, по сетови 6:3, 6:3, 6:2, а следен ривал ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман, кој во третото коло го елиминира Бугаринот Григор …

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Ролан Гарос Read More »

НБА: Голден Стејт прв финалист


Кошаркарите на Голден Стејт изборија пласман во финалето на разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако во петтиот натпревар во завршницата на Истокот го совлада Далас со 120-110 и триумфираа во серијата до четири победи со 4-1. Своето шесто финале во последните осум години Голден Стејт го избори пред 18.064 домашни гледачи во „Чејс центар“ во Сан …

НБА: Голден Стејт прв финалист Read More »

Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар


Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако попладнево во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше …

Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар Read More »

Како Роман Абрамович беше принуден да го продаде Челзи


  Стоејќи покрај шанкот во мал апартман за гостопримство на Стемфорд Бриџ тоа беше фигура која не беше забележана на стадионот три години: Роман Абрамович. Во ноември минатата година, сопственикот на Челзи се врати во Лондон во неговиот клуб од англиската Премиер лига за да го пречека претседателот на Израел. Немаше очигледна безбедносна придружба околу …

Како Роман Абрамович беше принуден да го продаде Челзи Read More »

Чави вклучи атрактивна Црногорка – психолог во стручниот штаб на Барселона


Фудбалерите на Барселона од следната сезона ќе можат да се консултираат со црногорскиот психолог Саша Средановиќ. Атрактивната млада Подгоричанка, Саша Средановиќ, е спортски психолог и е најновиот член на стручниот штаб на Чави во Барселона. Таа има српско потекло, но кариерата ја изгради во Шпанија. Таа до неодамна работеше во Бетис, а своевремено беше и …

Чави вклучи атрактивна Црногорка – психолог во стручниот штаб на Барселона Read More »

Надал по Ѓоковиќ и Федерер е третиот со 300 победи на Грен слем турнирите


Франција –  Шпанецот Рафаел Надал доцна синоќа во второто коло на „Ролан Гарос“ го победи Корентин Муте – 6:3, 6:1, 6:4. За 21-кратниот шампион ова е 300. Грен слем победа. Повеќе од Надал мечеви со позитивен исход имаа само Новак Ѓоковиќ (325) и Роџер Федерер (369). По процентот на победи (87,9%), подобар од Надал е само …

Надал по Ѓоковиќ и Федерер е третиот со 300 победи на Грен слем турнирите Read More »

Откажана трката од Мото ГП за Големата награда на Финска


 Меѓународната федерација за мотоспорт (FIM) најави откажување на етапата од серијата Мото ГП во финскиот град Кувола и намалување на шампионатот на 20 трки. – Работата за хомологација во „KymiRing“, заедно со ризиците предизвикани од геополитичката ситуација во регионот, доведе до откажување на Гран при во Куовола во 2022 година., Мото ГП со нетрпение очекува …

Откажана трката од Мото ГП за Големата награда на Финска Read More »

Бостон селтикс на чекор до големото финале во плејофот на НБА-лигата


Кошаркарите на Бостон селтикс ноќеска забележаа победа на гостувањето кај Мајами хит со 93:80 во петтиот натпревар од финалната серија во Источната конференција на НБА-плејофот. Селтикс по овој триумф поведоа со 3:2 во серијата прв до четири победи. Тандемот Џејлен Браун – Џејсон Тејтум ја предводеа својата екипа со 25, односно 22 уфрлени поени. Тејтум …

Бостон селтикс на чекор до големото финале во плејофот на НБА-лигата Read More »

Мурињо по освојувањето на Конференциската лига: Испишавме историја


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги сподели емоциите по победата (1:0) синоќа во Тирана против Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА. – Ние испишавме историјата. Од самиот почеток верувавме дека можеме да го освоиме овој турнир. Толку многу мисли ми се вртат низ главата во моментов. Се чувствувам како вистински „романист“. Учеството во …

Мурињо по освојувањето на Конференциската лига: Испишавме историја Read More »

Ибрахимовиќ го оперираше коленото, паузира осум месеци


Новиот италијански шампион Милан соопшти денеска дека на неговиот искусен напаѓач, 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ, му е извршена антроскопска операција на левото колено. Во клупското соопштение се наведува дека операцијата извршена во Лион била планирана веќе некое време и била неопходна по претходната операција на предните вкрстени лигаменти. Проценките на лекарскиот тим на Милан се дека …

Ибрахимовиќ го оперираше коленото, паузира осум месеци Read More »

Британските власти дадоа зелено светло за продажба на Челзи


Британската Влада му одобри на конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боли да го купи фудбалскиот клуб Челзи. – Доцна синоќа Владата на Обединетото Кралство одлучи да издаде дозвола за продажба на Челзи, изјави портпаролот на британската Влада. Одлуката на официјален Лондон доаѓа ден откако зелено светло даде и Премиер лигата со што рускиот олигарх …

Британските власти дадоа зелено светло за продажба на Челзи Read More »

Клоп е избран за менаџер на сезоната во Премиер лигата


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2021/22. Ова го објави прес-службата на лигата на Твитер. Под водство на германскиот стручњак, Ливерпул заврши на второто место во Премиер лигата, со бод помалку од Манчестер сити, кој ја освои шампионската титула. Да потсетиме дека Ливерпул стигна и …

Клоп е избран за менаџер на сезоната во Премиер лигата Read More »