Почина тројниот светски шампион во атлетика Грег Фостер


  Прославениот американски атлетичар Грег Фостер почина на возраст од 65 години, соопшти Универзитетот Калифорнија. Тој починал во неделата, откако со години се бореше со амилоидоза, болест поради која протеините се таложат и ги оштетуваат органите. Како претставник на Универзитетот Калифорнија два пати беше првак на колеџите во 1978 и 989 година,а во текот на […]

Мурал со ликот на Ќиро Блажевиќ осамна во неговиот роден град


БиХ – Во Травник, БиХ, осамна мурал посветен на легендарниот босанско-хрватски тренер Ќиро Блажевиќ. Неговиот роден град на тој начин му оддаде последна почест. „Отсекогаш со голема гордост и достоинство се фалев дека сум од Травник“, стои на муралот до ликот на Ќирo кој во раката држи голем клуч од Градот Травник. Ќиро во своите изјави […]

„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори


Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол“ оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје. Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.). Освен во индивидуалните категории, […]

Ѓоковиќ го израмни рекордот на Штефи Граф


Новак Ѓоковиќ е на врвот на АТП листата оваа недела, направи вкупно 377 недели, со што го израмни рекордот на поранешната германска тенисерка, Штефи Граф.  Во машка конкуренција, Новак Ѓоковиќ е тенисерот со најмногу недели на првото место на АТП листата, но ако се земе и женската конкуренција, досега прва беше Штефи Граф. Србинот сега […]

Калин Ивановски продолжи да напредува на АТП листата


Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски, продолжи да се искачува на светската АТП листа и на најновото рангирање се наоѓа на 478 место. За 18-годишниот Ивановски ова е најдобар ранкинг во кариерата и скок од 16 места во споредба со минатата недела. Ивановски со 84 бодови е втора недела меѓу 500 најдобри тенисери во светот, откако минатиот понеделник за прв пат во […]

Пингпонгари под 11 години за прв пат се натпреваруваа на мастерс во Прилеп


Овој викенд и официјално започнаа натпреварите во новата категорија која што ја воведе ППФМ во јануари 2023 година, а тоа е категоријата за деца помлади од 11 години. Оваа категорија се воведе со цел да се посвети повеќе внимание на младите таленти и да се мотивираат уште од рани години.  На турнирот Телеком Мастерс 1 […]

Бекер: Плачев во затвор кога Ѓоковиќ го освои Вимблдон


Германија- Германскиот селектор Борис Бекер денеска му се заблагодари на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ за поддршката што му ја дал додека бил во британски затвор, пренесува порталот „Дедлајн“. Бекер откри дека плачел во затвор додека го гледал Ѓоковиќ како го освојува Вимблдон во 2022 година. „Ѓоковиќ стана член на семејството. Новак ме поддржуваше […]

Баерн одбил да го ангажира Роналдо


Германија- Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ денеска призна дека можел да го ангажира португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо во летниот преоден рок, но тој одбил, пренесува германски „Билд“. Минатата година Салихамиџиќ, меѓу другите, во Баерн ги доведе Матијс де Лигт и Садио Мане, а одби да го ангажира Роналдо, кој тогаш настапуваше за Манчестер […]

Клубови од Евролигата може да станат дел од новиот турнир што НБА ќе го одржи на средината на сезоната


САД – Комесарот на НБА, Адам Силвер, предложи Евролигата и другите тимови кои не се од САД да станат дел од официјалната сезона на најсилната лига во светот во догледна иднина. Ова потенцијално би можело да се случи како дел од новиот турнир во средината на сезоната за кој НБА во моментов активно размислува. – […]

Рекордна 11. титула за МЗТ Скопје Аеродром во Купот на Македонија


МЗТ Скопје Аеродром стана најтрофеен клуб во Купот на Македонија, откако вечерва во СРЦ „Кале“ во кошаркарското финалето го совлада Феникс со 89:73. За „сино-белите“ од Аеродром ова е 11. трофеј во националниот куп, оставајќи го зад себе, лутиот ривал Работнички со 10 трофеи. Феникс и покрај тоа што остана без трофеј, а важеше за […]

Прв куп трофеј за кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром


МЗТ Скопје Аеродром за прв пат во своето постоењето стигна до трофејот во Купот на Македонија. „Сино-белите“ од Аеродром вечерва во финалето го совладаа бранителот на трофејот, Баскет Кам од Македонска Каменица со 75:60. Ретки се тие моменти, но се случуваат. Екипа која за прв пат уествува на завршниот турнир од Купот на Македонија, да […]

(Видео) Позната атлетичарка трчаше кон победа, ненадејно колабираше пред целта


Познатата атлетичарка Летесенбет Гидеј колабираше на само десет метри пред целта на трката од Светскиот шампионат во „крос кантри“. Етиопјанката Летесенбет Гидеј е една од најдобрите светски тркачки на долги патеки, а моментално е на Светското првенство во крос што се одржува во Батурст, Австралија. Таа денеска настапи на трката на десет километри, каде во […]

Британскиот милијардер Ретклиф даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед


Нафтена компанија „ИНЕОС“ во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед. – Потврдуваме дека Сер Џим Ретклиф и „INEOS“ дадоа понуда за купување на Манчестер јунајтед. Се гледаме себеси како долгогодишни чувари на клубот во име на навивачите и јавноста. Амбициозни сме и посветени да инвестираме во Манчестер […]

Канаѓанката Жермен сензационална победничка на слаломот на СП во Франција


Скијачката од Канада, Лоренс Сент-Жермен направи големо изненадување со победатат на денешниот слалом возен на Светското првенство во Куршевел и Мерибел. Лоренс која до денес најдобар пласман на една слаломска трка и беше 6.место, денешните две трки ги заврши со вкупно време 1:43,15 минута. Големата фаворитка за триумф, Микаела Шифрин (САД) беше водечка по првото […]

Трагедија: Поранешен играч на Челзи и Њукасл пронајден мртов под урнатините од земјотресот во Турција


Тажна и трагична вест доаѓа од Турција. Поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, 31-годишниот Кристијан Атсу е пронајден во урнатините по земјотресот што минатата недела ја погоди Турција, но за жал не преживеал, јавуваат турските медиуми. Веста ја соопшти неговиот агент Мурат Узунмехмет кој на Твитер објави дека фудбалерот од Гана е пронајден и е […]

Катарски шеик подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед


Сопственикот на „Катар Исламска банка“, една од најголемите банки во Катар, шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани е подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед, објавија некои медиуми во Велика Британија. Претходно се дозна дека купувањето на англиски клуб може да биде рекорд во историјата на спортот. Моменталниот рекорд е 4,5 милијарди долари […]

Аргентина повторно го има најголемиот стадион во Јужна Америка


По повеќе децении, таму од 40-тите години на минатиот век, Аргентина повторно го има најголемиот стадион во Јужна Америка. Во неделата Ривер Плата го одигра првиот лигашки натпревар годинава на домашен терен против Аргентинос Јуниорс и отвори нови трибини. Во името на ривалот има симболика бидејќи тоа е клубот во кој кариерата ја започна легендарниот […]

Компанијата „Брера“ го купи мнозинскиот пакет акции во Академија Пандев


Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев официјално има нов сопственик. Италијанско-американската компанија „Брера Холдингс“, која пред една недела излезе на најголемата светска берза во Њујорк, го потврди преземањето на клубот од Струмица, кој досега беше во стопроцентна сопственост на Горан Пандев. „Компанијата „Брера Холдингс“ ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира за ширење и […]

Одермат нов светски шампион и во велеслалом


Франција – Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал во велеслалом на Светското првенство во Куршевел и Мерибел. Двете денешни трки Одермат ги заврши со вкупно време 2:34.08 минути. Второто место и среброто му припаднаа на Лоик Милард исто така од Швајцарија со 32 стотинки заостанување зад сонародникот. Бронзениот медал отиде кај Марко Шварц од Австрија […]

Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот претквалификациски прозорец


 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денес го објави поширокиот список со играчи на чии услуги ќе смета во пресрет на натпреварите од февруарскиот претквалификациски прозорец. На списокот на Јончевски се најдоа: 1. Бобан Стајиќ – Пелистер 2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K. 3. Андреј Магдевски – Donar Groningen 4. Војдан Стојановски – […]