Алпин го именуваше Зидан за амбасадор на Формула 1 тимот


Англија – Светскиот и европски шампион во француската фудбалска репрезентација Зинедин Зидан стана амбасадор на Формула 1 тимот Алпин, објави „Л’Екип’. Легендата на францускиот фудбал зборуваше на презентацијата на Алпин во Лондон, каде го претставија болидот за сезоната 2023 година. Двајца француски пилоти, Естебан Окон и Пјер Гасли, ќе возат за Алпин во претстојната сезона. […]

Меси најдобар фудбалер на сите времиња во избор на ФорФорТу


Англија – Аргентинскиот капитен Лионел Меси се најде на првото место во изборот на 50 најдобри фудбалери на сите времиња на реномираното британско списание за фудбал ФорФорТу (FourFourTwo). Меси е избран за најдобар во историјата на светскиот фудбал пред Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Армандо Марадона, на второто и третото место. Португалецот Кристијано Роналдо е рангиран на четвртото место на вечната листа, […]

Шифрин го освои светското злато во велеслалом


Франција– Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешната трка во велеслалом на патеката во Куршевел и го освои второто одличје на Светското првенство во алпско скијање. Сребрениот медал и припадна на Италијанката Федерика Брињоне, која заостана 12 стотинки зад Шифрин, додека со бронзата се закити Рагнхилд Мовинкел од Норвешка, која по двете возења заостана вкупно 22 стотинки зад златната Американка. За Шифрин […]

Македонските таеквондисти со помош на „Алкалоид“ го трасираат патот за Олимпијадата во Париз


„Алкалоид“ АД Скопје стана спонзор на Македонската таеквондо федерација чии натпреварувачи ќе се борат да остварат олимписка норма и да ја израдуваат македонската јавност со нови олимписки и други спортски одличја, а македонскиот фармацевтски гигант продолжи да се докажува како општествено одговорна компанија. Поддршката беше официјализирана денеска на прес конференција во Скопје при што беше […]

„Немаше предрасуди, ги сакаше луѓето“. Хрватска се прости од Ќиро Блажевиќ


Тренерот на сите тренери израснал во сиромаштија и студирал за свештеник, а од него во Загреб се простја членови на семејството, бројни пријатели, колеги и државниот врв   Линк до целиот текст тука

Олимписките борилишта во Париз ќе бидат поврзани со велосипедска патека


 Франција– Велосипедска патека во должина од 60 километри ќе ги поврзува сите борилишта на кои ќе се одржуваат Олимписките игри 2024 во Париз, објавија организаторите. Засега во главниот град на Париз се изградени или се во завршна фаза околу 30 километри од велосипедската олимписка рута, а втората половина допрва ќе се гради. Олимписката велосипедска патека ќе минува во близина или покрај олимписките […]

Саудиска Арабија домаќин на Светското клупско првенство 2023


  Саудиска Арабија е избрана за домаќин на Светското клупско првенство кое ќе се одржи кон крајот на оваа година од 12 до 22 декември, одлучи Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), одобрувајќи, притоа, проширување на форматот oд 2025. На завршниот турнир во Саудиска Арабија, како и досега, ќе настапат седум екипи – шест континентални прваци плус […]

Пандев: Македонскиот фудбал со ова раководство на ФФМ е на лош пат


Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев повторно изнесе остри критики на адреса на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), истакнувајќи оти на раководните места седат луѓе кои се грижат само за личните интереси. Пандев, кој важи за критичар на актуелното раководство предводено од претседателот Муамед Сејдини, рече дека нема лични амбиции да застане на чело на […]

Ферари го претстави новиот болид


  Италијанската екипа Ферари го претстави денеска својот нов болид „SF-23“ со кој ќе се обиде во новата сезона во Формула 1 да му биде конкурентен на Ред Бул. Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело со концерт и во присуство на голем број навивачи на Ферари. За Ферари во претстојната сезона […]

Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син


Турската ракометна федерација (ТХФ) соопшти дека капитенот на машката репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја загинале во земјотресите во Кахраманмараш. По неколкудневна потрага, телата на Кемал и неговиот син Чинар беа извлечени од урнатините во градот Кахраманмарас, по земјотресот што го опустоши југот на Турција. Неговата сопруга која е во четвртиот месец од […]

УЕФА: Минута молк за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија


Франција– Сите натпревари во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, кои ќе се играат оваа недела, ќе почнат со минута молк за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, соопшти денеска УЕФА. На фудбалските терени ширум Европа ќе биде истакнат комеморативен транспарент со порака „Ние сме заедно со вас“ испишана на турски и арапски […]

Спортистите анонимно им помагаат на Турција и на Сирија по земјотресот


Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) и Детската фондација на УЕФА донираа 200.000 евра за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Ова е само почетна донација, бидејќи УЕФА планира да собере хуманитарна помош во текот на последната недела од Лигата на шампионите во јуни кога ќе се игра финалето на стадионот Ататурк […]

ФК „Тиверија“ од Струмица слави еден век постоење


Фудбалскиот клуб „Тиверија“ од Струмица денеска одбележува сто години од постоењето. Формиран е во 1921 година, но официјално е регистриран на 13 февруари 1923 година. Како што информираа од Управниот одбор на клубот, донесена е одлука да се формира Организациски одбор за прослава на 100 годишнината од постоењето на клубот, а централната прослава се планира да се одржи кон крајот на мај со […]

Фудбалската Лига на шампиони продолжува утре со првите осминафинални пресметки


По тримесечна пауза од разврската во групите, утре почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони со првите два осминафинални дуели во кои Милан е домаќин на Тотенхем, додека Баерн во Минхен го пречекува ПСЖ. Челзи в среда му гостува на Борусија Дортмунд, додека Клуб Бриж е домаќин на Бенфика. Првите натпревари во рамки на осминафиналето ќе бидат […]

Ивановски напредува на АТП листата, прв пат меѓу најдобрите 500 тенисери


 Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери. Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494 место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање. Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс турнири во Тунис, на кои два пати дојде до […]

Канзас Сити со неверојатен пресврт триумфираше во 57. Супербоул


Канзас Сити ја освои титулата во американската професионална НФЛ лига, триумфирајќи синоќа во 57. издание на Супербоул, а до својата втора титула во последните четири години дојде со голем пресврт во второ полувреме и тесна победа над Филаделфија Иглс од 38-35 на стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл предводен од нивниот најдобар играч сезонава Патрик Махоунс. […]

Манчини загрижен, само двајца Италијанци меѓу најдобрите стрелци во Серија А


Италијанскиот фудбалски селектор Роберто Манчини, чија репрезентација идниот месец ги почнува евроквалификациите во група со Англија, Македонија, Украина и Малта, е загрижен поради податокот дека меѓу 20. најдобри стрелци сезонава во Серија А има само двајца Италијанци, пренесуваат локалните медиуми. Единствените двајца домашни фудбалери во италијанското првенство меѓу најдобрите стрелци се фудбалерите на Лацио, Матија Закањи и […]

Ракометарите на „Вардар 1961“ го совладаа „Татран“ во СЕХА лигата


 Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во Скопје триумфираше над словачки „Татран Прешов“ со убедливи 29-24 (15-10) во рамки на 3. коло во групата Б. Македонскиот состав му се реваншираше на словачкиот тим за поразот на гостински терен во воведниот натпревар во групната фаза (23-27) и со втората победа го […]

Американскиот боксерски тим одби да учествува на СП поради учество на Русите под свое знаме


САД- Официјалната веб-страница на американската боксерска федерација објави одбивање на учество на американски тимови на светските првенства за мажи и жени. Причината е одлуката на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) да им дозволи на боксерите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат под нивните национални знамиња. Шефот на „USA Boxing“, Мајк Мекати, ги наведе тврдењата против […]

Катарски инвеститори го купуваат Манчестер јунајтед


Понуда во износ од околу четири милијарди евра подготвуваат група инвеститори од Катар за да го купат премиерлигашот Манчестер јунајтед, кој од 2005 година е во сопственост на американското семејство Глејзер. Како што јавуваат британските медиуми, катарската понуда ќе пристигне на адреса на клубот од „Олд Трафорд“ во следните денови. Семејството Глејзер во ноември лани најави дека ќе го продаде […]