Франција ја победи Холандија во квалификациите за ЕП 2024


Франција – Француската репрезентација синоќа ја совлада Холандија на домашен терен во групната фаза од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2024.

 

Французите веќе до 21. минута имаа постигнато три гола. Антоан Гризман, Дајо Упамекано и Килијан Мбапе се запишаа во листата на стрелците. Напаѓачот на ПСЖ го постигна вториот гол во финишот на натпреварот.

 

Холандија во судиското надополнување пропушти да постигне почесен погодок, бидејќи Мемфис Депај не реализираше пенал.

 

На другиот натпревар од Б-групата, Грција на гости го совлада Гибралтар со 3:0.

 

На 27 март, Франција ќе игра против Ирска, додека Холандија ќе игра со Гибралтар.