Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил


Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1.

Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута.

Поразот ги продлабочи проблемите во бразилската репрезентација, која по елиминацијата во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, е во потрага по нов селектор.

За Мароко ова беше прва победа во историјата над Бразил.