Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите


Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер го доби актуелниот ракометен првак со 31-24 (13-10 на полувремето), но натпреварот беше во сенка на инцидентот предизвикан од навивачки групи поради што имаше прекин поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите. 

Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Натпреварот беше во прекин половина час, а двете екипи се повлекоа од теренот.