Успех на руските тенисери во Америка
Рускиот тенисер Карен Хачанов се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами со голема победа над Стефанос Циципас со 7:6, 6:4, додека неговиот сонародник Данил Медведев имаше многу лесна работа против Квентан Али и победи со 6:4, 6:2 за само 71 минута.
Со спектакуларна партија Хачанов успеа да ја прекине серијата од 23 последователни порази против тенисери од првите десет на АТП листата.
Хачанов претходно успеа да го направи тоа во 2019 година во Канада, по што влезе во негативна серија.
Згора на се, Хачанов му се одмазди на Циципас, кого го победи на почетокот на годинава на Австралија опен.
Заедно со рускиот тенисер во четвртфиналето оди и првиот светски рекет Карлос Алкараз кој го совлада Томи Пол со 6:4, 6:4.
Шпанецот не беше доминантен како што се очекуваше, но ја продолжи фантастичната серија на натпревари без загубен сет кој започна на крајот на февруари и турнирот во Рио де Жанеиро.
Во четвртфиналето се пласираше и Даниил Медведев, кој со одлична игра го совлада Квентин Али од Франција и го заврши дуелот со 6:4, 6:2, за само 71 минута поминати на теренот.