ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан


Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Истанбул го одреди составот на групите во Лигата на шампиони (ЛШ), од кои најсилна ќе биде групата Ц во која ќе играат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен. Италијански Наполи во чие редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс, …

ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан Read More »

Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен


Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела. – За жал, не можам да патувам во Њујорк на ЈуЕс Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот. – Со среќа …

Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен Read More »

Познати сите учесници во групната фаза од Лигата на шампионите


  Со одигрување на синоќешните три реванши од плејофот, познати се сите екипи кои ќе играат во групите во Лигата на шампионите на УЕФА. Последни место во елитата изборија Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Ренџерс и Копенхаген. Ждрепката за групната фаза ќе се одржи денес (18 часот) во …

Познати сите учесници во групната фаза од Лигата на шампионите Read More »

Ф1: Рикардо го напушта Мекларен


  Австралискиот возач Даниел Рикардо на крајот на оваа сезона ќе го напушти Формула 1 тимот на Мекларен, а информацијата денеска ја потврдија и возачот и британската екипа. Рикардо, кој дојде во Мекларен минатата сезона, има важечки договор до крајот на сезоната 2023, но двете страни се договорија за предвремен раскин на соработката. Австралиецот како …

Ф1: Рикардо го напушта Мекларен Read More »

Квитова објави свршувачка со својот тренер


  Англија– Двократната освојувачка на Вимблдон, чешката тенисерка Петра Квитова, денеска на социјалните мрежи објави веридба со својот тренер Јиржи Ванек во Лондон. – Сакаме со сите да споделиме една добра вест … Реков „да“ на моето фетиш место, напиша на Твитер моментно 21-рангираната тенисерка на ВТА листата, коментирајќи ја заедничката фотографија со својот вереник …

Квитова објави свршувачка со својот тренер Read More »

Кербер се повлекува од УС Опен затоа што чека бебе


  Германија– Поранешниот светски рекет број еден, Анџелик Кербер откри дека таа и нејзиниот партнер Франко Бјанко чекаат бебе. -Навистина сакав да играм на УС Опен, но решив дека два против еден не е фер. Њујорк често беше пресвртница во мојата кариера. УС Опен има посебно место во моето срце, па затоа сакам да се збогувам …

Кербер се повлекува од УС Опен затоа што чека бебе Read More »

Рафа? Серена? Роџер? Дебатата кој е најдобар е навреда за историјата


    Овој септември се одбележува 20-годишнината од 14-тата и последна победа на Грен слем на Пит Сампрас, кога тој го победи својот долгогодишен непријател Андре Агаси и ја освои својата петта титула на УС Опен. Тоа беше и последниот меч што Сампрас некогаш го одиграл на турнеја, со што неговата победа во Њујорк стана …

Рафа? Серена? Роџер? Дебатата кој е најдобар е навреда за историјата Read More »

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон пријавен до 30 август ќе добие маичка


 Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во нашата земја и пошироко. Годинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2 октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август ќе добијат маичка со логото на Виз Ер Скопски …

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон пријавен до 30 август ќе добие маичка Read More »

Шахистите на ШК „Алкалоид“ доминантни на меѓународниот турнир „Меморијал Венци Попов“


  Натпреварувачите од Шаховскиот клуб „Алкалоид“ имаа доминантен настап на Меѓународниот турнир „Меморијал Венци Попов“ во блиц шах што по швајцарски систем се одржа во комплексот Негорски Бањи. Во конкуренција на 81 шахисти од Северна Македонија, Бугарија и Грција, победничкиот трофеј му припадна македонскиот првак, интернационалниот мајстор Филип Панчевски, кој освои импресивни 12 поени од …

Шахистите на ШК „Алкалоид“ доминантни на меѓународниот турнир „Меморијал Венци Попов“ Read More »

РК „Алкалоид“ ги претстави засилувањата за новата сезона и тренерот Кирил Лазаров


  Новиот суперлигаш, „Алкалоид“, денес ги промовира осумте нови ракометари, како и новиот тренер Кирил Лазаров. РК „Алкалоид“ минатата сезона избори настап во најсилната лига – Суперлигата, а оваа година амбициите на клубот се пласман во плејофот. Во новата сезона предводник на „Алкалоид“ ќе биде најдобриот играч во историјата на македонскиот ракомет и актуелен селектор …

РК „Алкалоид“ ги претстави засилувањата за новата сезона и тренерот Кирил Лазаров Read More »

„Освој го врвот на Џевахир кулите“ – прва трка по скали во Македонија


  „Џевахир тауер ран“ (Cevahir Tower Run) под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите“ трка по скали по пример на светските метрополи, за прв пат годинава ќе се одржи и во Македонија. Трката е во организација на АК Работнички, а ќе се одржи на 24 септември во висококатниците Скај Сити. „Трките од овој карактер …

„Освој го врвот на Џевахир кулите“ – прва трка по скали во Македонија Read More »

Почнаа подготовките за Охридскиот пливачки маратон


  Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридксиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија. На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски …

Почнаа подготовките за Охридскиот пливачки маратон Read More »

Официјално: Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен


  САД= Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе го пропушти претстојното издание на УС Опен, откако американските власти не ги направија неопходните промени во здравствените протоколи за да им се дозволи на невакцинирани лица да допатуваат во САД. Токму тоа беше последната шанса за Новак да добие зелено светло и да пристигне во Њујорк, но организаторите на …

Официјално: Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен Read More »

Чориќ напредуваше 123 места на АТП ранг-листа


Франција – Освојувачот на Мастерсот во Синсинати, Борна Чориќ, се искачи за 123 позиции на најновата АТП ранг-листа објавена претпладнево. Сега Хрватот се наоѓа на 29. место. Во топ 5 се врати финалистот од Синсинати, Стефанос Циципас, во Топ 10 влезе  Камерон Нори, а испадна Андреј Рубљев. Пласман на првите 10 тенисери во светот: 1.Даниил Медведев …

Чориќ напредуваше 123 места на АТП ранг-листа Read More »

Хрватскиот тенисер Чориќ го освои турнирот во Синсинати


  Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Синсинати (САД) со 2:0, по сетови 7:6 (7:0) и 5:2. Во мечот што траеше безмалку два часа, Хрватот сервираше седум аса, направи две двојни грешки и освои три од 12 брејк топки. Циципас имаше шест аса, четири двојни грешки и …

Хрватскиот тенисер Чориќ го освои турнирот во Синсинати Read More »

Роналдо останува во Манчестер оваа сезона


 Кристијано Роналдо нема да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето. Триесет и седумгодишниот напаѓач прифати дека оваа сезона ќе ја помине во англиски клуб. Според инсајдерот Педро Алмеида, трансферот на Касемиро во Манчестер јунајтед сериозно влијаел на одлуката на Португалецот. Роналдо и претходно играше заедно со Бразилецот за Реал Мадрид. Во првите два натпревари од …

Роналдо останува во Манчестер оваа сезона Read More »

Медведев ги загуби последните четири натпревари против играчи од Топ 10


 Првиот светски рекет Данил Медведев (Русија) ноќеска го загуби со мечот со седмиот на ранг-листата Стефанос Циципас (Грција) во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати – 6:7, 6:3, 3:6. За Русинот ова е четврти последователен пораз во мечеви со топ 10 играчи. Претходно на Австралија опен и во Акапулко загуби од Рафаел Надал, додека во Мајами …

Медведев ги загуби последните четири натпревари против играчи од Топ 10 Read More »

Клоп ќе бара службена победа за Ливерпул ако се одложи натпреварот


 Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим треба да добие бодови доколку натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија против Манчестер јунајтед биде одложен поради протести на навивачите. – Моите планови ако натпреварот не се одржи? Одам дома со автобус. Навистина се надевам дека тоа нема да се случи, но ако се …

Клоп ќе бара службена победа за Ливерпул ако се одложи натпреварот Read More »

УЕФА доби 1,5 милијарди евра за телевизиските права на ЛШ


  Франција – Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги продаде телевизиските права за натпреварите во Лигата на шампиони за северноамериканскиот пазар за сума од 1,5 милијарди евра, потврди мрежата Си-Би-Ес, чиј сопственик е компанијата Парамаунт. УЕФА склучи договор до Парамаунт, кој ги откупи правата за елитното европско клупско натпреварување за следните шест години. Претходниот договор меѓу УЕФА и Парамаунт …

УЕФА доби 1,5 милијарди евра за телевизиските права на ЛШ Read More »

Чориќ во полуфиналето во Синсинати, Медведев ќе се соочи со Циципас


  САД– Борна Чориќ продолжува со фантастичната форма на мастерс тенискиот турнир во Синсинати. Хрватот, кој се враќа од повреда на рамото, покажува дека и натаму може да игра на највисоко ниво.  Тој утринава беше подобар Феликс Оже Алиасим во два сета со 6-4 и 6-4 и стигна до своето прво мастерс полуфинале уште од …

Чориќ во полуфиналето во Синсинати, Медведев ќе се соочи со Циципас Read More »