Шахистите на ШК „Алкалоид“ доминантни на меѓународниот турнир „Меморијал Венци Попов“


 

Натпреварувачите од Шаховскиот клуб „Алкалоид“ имаа доминантен настап на Меѓународниот турнир „Меморијал Венци Попов“ во блиц шах што по швајцарски систем се одржа во комплексот Негорски Бањи.

Во конкуренција на 81 шахисти од Северна Македонија, Бугарија и Грција, победничкиот трофеј му припадна македонскиот првак, интернационалниот мајстор Филип Панчевски, кој освои импресивни 12 поени од 13 партии.

Второто место го освои најмладиот член на сениорската екипа на ШК Алкалоид и репрезентативец ИМ Тони Лазов, кој освои 10 поени, додека на третото место се пласираше искусниот велемајстор Звонко Станојоски со 9,5 поени од 13 партии.