Хрватскиот тенисер Чориќ го освои турнирот во Синсинати


 

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Синсинати (САД) со 2:0, по сетови 7:6 (7:0) и 5:2.

Во мечот што траеше безмалку два часа, Хрватот сервираше седум аса, направи две двојни грешки и освои три од 12 брејк топки.

Циципас имаше шест аса, четири двојни грешки и една освоена од седум можни брејк топки.

Дваесет и петгодишниот Чориќ го освои првиот АТП турнир во 2022 година и третиот во кариерата.

Тој како 152-риот рекет на светот го победи седморангираниот на АТП листата.