Познати првите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2023/24


Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24. Во синоќешните натпревари од 4. коло, Манчестер сити на домашен терен го победи Јанг Бојс со 3:0, додека Лајпциг во Белград со 2:1 ја порази Црвена ѕвезда.   По четири кола, Сити има 12, […]

Фински бизнисмен сака да го купи Интер


Милано – Финскиот бизнисмен Томас Зилиакус, прилично непознат за пошироката јавност и во минатото кандидат за купување на Манчестер јунајтед, сега покажува интерес да го купи Интер. „Јас сум сериозен, оваа недела или најдоцна идната, сегашниот сопственик на Интер ќе добие соодветна понуда за преземање на клубот“, рече финскиот бизнисмен во интервју за италијанскиот весник „Република“. […]

ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот


 Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож […]

Најбогато Били Џин Кинг финале во историјата на тенисот


Севиља – Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави синоќа дека наградниот фонд на завршниот турнир на Били Џин Кинг купот ќе изнесува рекордни 9.6 милиони долари, од кои 2.4 милиони ќе освои победникот. Финалистот ќе заработи 1.44 милиони долари, поразените екипи во полуфиналните дуели ќе добијат по 900.000 долари, елиминираните во групната фаза ќе инкасираат по 480.000 […]

УЕФА: Без навивачи меѓу Бугарија и Унгарија поради можни инциденти


Нион – Фудбалските репрезентации на Бугарија и Унгарија својот меѓусебен натпревар во рамки на квалификациите за ЕУРО2024 ќе го одиграат пред празни трибини, соопшти вечерва УЕФА. Одлуката на раководното тело на европскиот фудбал доаѓа на барање на бугарските власти поради стравување дека може да се случат навивачки инциденти. Првично таков заеднички договор беше постигнат меѓу […]

Досега продадени 58 отсто од влезниците за ракометното Европско првенство


Два месеци пред почетокот на Европското ракометно првенство во Германија, организаторите соопштија дека досега се продадени 58 отсто од влезниците за турнирот што на 10 јануари во Дизелдорф ќе биде отворен со дуелот меѓу македонската и француската репрезентација. – Пред Божиќ ќе почнеме со интензивна рекламна кампања. Сигурни сме дека ќе имаме полни сали на […]

Почина познатиот македонски кошаркар и тренер Јанко Луковски


На 77-годишна возраст денес почина Јанко Луковски, поранешен македонски кошаркар и тренер. Работеше во двата најголеми македонски клуба МЗТ Скопје и Работнички, како и во Борец од Велес. Во средината на 80-те години од минатиот век Луковски беше дел од стручниот штаб на младите категории на југословенските репрезентации. Последните дваесетина години Јанко Луковски работеше во […]

Столе Димитриевски не дозволи Реал да постигне гол, прогласен за МВП на натпреварот


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар на неговиот тим Рајо Ваљекано и Реал Мадрид. Средбата заврши без победник 0:0, а Македонецот со неколку одбрани го спаси својот тим од пораз. Ова беше шести натпревар во тековната сезона на кој Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“. По 12 кола во […]

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 40 мастерс титули


Новак Ѓоковиќ го зголеми рекордот со освојувањето на седмата титула на Мастерс турнирот во Париз, каде што во финалето го совлада Григор Димитров со 6:4, 6:3. Ѓоковиќ на тој начин стана првиот тенисер кој освоил 40 титули од Мастерс 1000 серијата. Ова е негова шеста АТП-титула оваа година, со што ќе го зголеми водството во […]

Холандскиот фудбалер Бас Дост колабирал поради воспаление на срцевиот мускул


Причината поради која поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Бас Дост (34) колабираше пред две недели во завршните минути на дуелот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Нејмиген е воспаление на срцевиот мускул, објави синоќа НЕЦ. Напаѓачот на НЕЦ падна на теренот откако истрча спринт на противничката половина во 90. минута. На теренот веднаш втрчаа лекарите на двете […]

Аргентинска навивачка инвазија во Рио де Женеиро


Повеќе од 100.000 аргентински навивачи се очекува да пристигнат во Рио де Женеиро каде в сабота на „Маракана“ ќе се игра 64. финале во Копа Либертадорес меѓу бразилски Флуминенсе и аргентинска Бока Јуниорс. И покрај фактот дека навивачите на Бока имаат право на 20.000 влезници, јужноамериканските медиуми јавуваат дека во Бразил ќе допатуваат повеќе од […]

ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови


Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите. Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за […]

Ралф Шумахер: Место брзи автомобили, во Словенија возам трактори


Ралф Шумахер оваа недела даде интервју за германскиот магазин „Бунде“ во кое, меѓу другото, зборуваше и за својот брат Михаел и за односот со семејството. Од неговата страшна несреќа во декември 2013 година на француските Алпи, малку се знае за здравјето на Михаел Шумахер. Семејството на седумкратниот шампион во Формула 1 се труди максимално да […]

Барселона заинтересирана за Хименез од Феенорд


 Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез. Според „ESPN“, Каталонците го следат Хименез од неговото доаѓање во Феенорд од мексиканскиот Круз Азул во летото 2022 година. Интересот на Барселона за Хименез се засили во последните недели. Каталонците се импресионирани од брзата адаптација на напаѓачот во европскиот фудбал и го споредуваат […]

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз


Париз– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз. Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2. Противник на Србинот во третото коло […]

Ја поддржаа Палестина, Селтик им ги укина сезонските билети


  На неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во Глазгов, навивачите на Селтик уште еднаш ја поддржаа Палестина. На трибините имаше голем број палестински знамиња. Поддршката за палестина изразен на овој начин не ми се допадна на клупските челници кои во страв од казна на УЕФА, донесоа драстични одлуки. На најжестоките навивачи […]

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година


Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, го потврди домаќинот на Светското првенство во 2034 година.   Првиот човек на ФИФА откри дека домаќин на Светското првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија, откако Австралија се откажа од кандидатурата. „Фудбалот го обединува светот како ниеден друг спорт, а Светското првенство е совршен пример […]

Сензација во Париз, испадна Алкараз од 45. играч на светот


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран веќе во второто коло на Мастерсот во Париз. Подобар од него беше Роман Сафјулин, кој победи со 6:3, 6:4. Шпанецот се врати во натпреварувањето во Париз, откако минатата недела го пропушти турнирот во Базел поради повреда. Алкараз на последниот мастерс во сезоната бранеше 180 поени, но успеа да одбрани […]

Емитување на комуникациите помеѓу судиите и ВАР нема да се пренесува во живо


Извршниот директор на Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ), Лукас Буд изјави дека нема да се пренесува во живо дијалогот меѓу судијата и ВАР. – Ми беше дозволено да ја следам комуникацијата на судиите на натпревар за време на прегледот, тоа е прилично хаотична ситуација. Не на негативен начин, но има многу луѓе кои разговараат […]