Магичниот Меси ја освои Златната топка по осми пат


Вечерва во театарот Шателе во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка во изборот на престижниот фудбалски дневен весник Франс Фудбал, кој традиционално секоја година ги доделува признанијата за најдобрите во светот на фудбалот. Церемонијата официјално започна околу 19 часот, а преголемиот фаворит за Златната топка оваа календарска година Лео Меси ја оправда […]

Самарџиев нов тренер на кошаркарите на Работнички


Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го назначи денеска својот поранешен играч Горан Самарџиев за нов тренер на местото на Димитар Мираковски. Самарџиев се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно, кој пред две недели ја раскина соработката со 42-годишниот македонски стратег. Самарџиев во минатото го предводеше Еуро Никел со кој дојде до […]

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години


Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече тригодишна суспензија на сменетиот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, поради бакнување на репрезентативката на оваа земја Џени Хермосо без нејзина согласност по финалето на Светското првенство. ФИФА не објави детали за пресудата на нејзината дисциплинска комисија. Ова тело ги истражуваше наводите поврзани со „прекршување на основните правила […]

Меџик Џонсон е четвртиот спортист кој заработил милијарда долари


Лос Анџелес – Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, стана четвртиот спортист кој заработил милијарда долари, објави Форбс. Изданието го проценува богатството на 64-годишниот Американец на 1,2 милијарди долари. Џонсон го заработи најголемиот дел од своето богатство по завршувањето на неговата играчка кариера. Познато е дека тој поседува акции во три тима од Лос […]

Семејна драма на Пит Сампрас: „Сигурен сум дека мојата Бриџит ќе ја победи болеста“


Пред две децении, еден од најголемите спортисти во историјата, 52-годишниот американски тенисер Пит Сампрас, се повлече од тениските терени. На теренот доживеа неверојатни драми, подеми и падови, па дури мина 286 недели на врвот на АТП рангирањето на најдобрите на крајот од деведесеттите години на минатиот век. Покрај непобитниот талент и посветената работа, важен фактор […]

Георгиевски освои сребро во Букурешт


Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија. Георгиевски не настапи во финалето поради повреда. – Го откажавме финалето поради повреда и не освоивме трето злато на Г1 за нешто повеќе од еден месец. Се надеваме дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда, информира […]

Ферстапен победи на Големата награда на Мексико


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Мексико. Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон со заостанување од 13,875 секунди, а по него е Шарл Леклер од Ферари (+23,124). Во првите 10 се пласираа уште и: Карлос Сајнц (Ферари), Ландо […]

Хорор во Холандија: Фудбалер колабираше пред крајот на натпреварот


Морничави сцени доаѓаат од Холандија. Бас Дост, напаѓачот на НЕЦ Најмеген колабираше на теренот кон крајот на натпреварот против АЗ Алкмар. Натпреварот беше прекинат, и во тој момент НЕЦ Најмеген имаше активен резултат 2:1 во нивна корист. Дост погоди за водство во 11. минута, а потоа асистираше во 31. минута за 2:0 на гостите, пред […]

Синер го освои турнирот во Виена


Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес го победи Русинот Данил Медведев во финалето на турнирот во Виена со 2:1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:3. Мечот траеше 3 часа и 6 минути. За Синер ова беше десетти трофеј во поединечна конкуренција од АТП серија. Медведев кој е трет на АТП ранг-листата загуби второ финале во низа […]

Формула 1: Пол-позицијата во Мексико за Леклер


Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико. Во квалификациите одржани синоќа доминацијата на Ферари ја потврди Карлос Сајнц. Од првите 10 позиции ќе стартуваат: 1. Шарл Леклер (Ферари) 2. Карлос Саинс (Ферари) 3. Макс Ферстапен (Ред Бул) 4. Даниел Рикардо (Алфа Таури) 5. Серхио […]

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик


Мик Џегер и неговиот колега од Ролинг Стоунс, Рони Вуд беа присутни на Олимпискиот стадион во Барселона, познат и како Монжуик, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во големото дерби.   Фудбалерите на Барселона, на дербито, наместо вообичаениот спонзорски дрес носеа специјални дресови со логото на Ролинг Стоунс „жешките усни“, но не е […]

Велеслаломска победа на Гут-Бехрами на отворањето на новата сезона


Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна денеска во австрискиот зимски центар Зелден со женскиот велеслалом во кој триумфираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Водечката по првото возење Федерика Брињоне од Италија на крајот заврши второпласирана со заостанување од две стотинки, додека на подиумот се искачи и Петра Влхова од Словачка, која зад Гут-Бехрами заостана […]

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје


Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) утре во Скопје ќе организира дружење со најмладите кошаркари и кошаркарки од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017, во рамки на традиционалниот минибаскет фестивал. Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, адаптирани за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари […]

Ноер се враќа по долгата пауза


Голманот на Баерн и германската репрезентација, Мануел Ноер (37), ќе брани на утрешниот натпревар против Дармштад, потврди тренерот на германскиот шампион, Томас Тухел. Ноер е надвор од терените од почетокот на декември минатата година кога на скијање ја скрши потколеницата на десната нога. 💬 #Tuchel führt zu #Neuer aus: "Es ist eine besondere Situation. Ich […]

Стартува новата сезона во алпско скијање, Шифрин и Одермат фаворити


Новата сезона во Светскиот куп во алпски дисциплини почнува овој викенд во австрискиот зимски центар Зелден, а главни фаворити за освојување на големиот кристален глобус повторно се Американката Микаела Шифрин и Швајцарецот Марко Одермат. Шифрин и Одермат влегуваат во новата сезона како двократни последователни светски шампиони. Американката е рекордер според бројот на победи во Светскиот […]

Манчестер сити забрани влез на стадионот на двајца малолетници поради навреди за починатиот Чарлтон


 Англискиот фудбалски првак Манчестер сити им забрани на двајца малолетни навивачи да ги следат натпреварите на клубот поради навредливо скандирање по повод смртта на легендата на градскиот ривал Манчестер јунајтед, Боби Чарлтон. Веста за смртта на Чарлтон беше објавена на полувремето на натпреварот меѓу Сити и Брајтон минатата сабота, а двајцата малолетници беа снимени како […]

Алкараз ќе настапи на Мастерсот во Париз


Светскиот рекет број 2., Шпанецот Карлос Алкараз, најави денеска дека ќе настапи на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Париз, кој е на програмата од 30 октомври до 5 ноември. Освојувачот на две грен – слем титули (Ју Ес Опен 2022, Вимблдон ова лето) ќе настапи и на завршниот Мастерс на кој ќе се соберат […]

Македонската репрезентација остана на 66. место на ФИФА ранг-листата


Најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска не донесе измени за македонската фудбалска репрезентација која со 1368.41 бодови остана на 66. место. Македонските фудбалери овој претрпеа пораз од Украина (0-2) во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024, а ја совладаа Ерменија (3-1) во пријателски натпревар во Струмица. На врвот на ранг-листата на ФИФА, исто така, […]

Анчелоти верува дека Винисиус ќе ја освои Златната топка


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за перформансите на напаѓачот на тимот Винисиус Јуниор. – Тој дефинитивно ќе ја освои Златната топка и тоа ќе се случи наскоро. Винисиус се врати од повредата во добра форма и му помогна на тимот да ја победи Брага, го цитира Анчелоти „TNT Sports“. Дваесет […]

НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2024 година ќе се игра во формат Исток против Запад


НБА објави промени во форматот на Ол-стар натпреварот во 2024 година, кој ќе се одржи на 18 февруари во„ Гејнбриџ Филдхаус“ арената на Индијана во Индијанаполис. Седумдесет и третиот Ол-стар натпревар во најсилната кошаркарска лига ќе биде класичен дуел меѓу селекциите на Источната конференција и на Западната конференција. Процесот на гласање ќе остане ист, со […]