Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика


– Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички  Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром. Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје. Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари. Клубот домаќин на […]

Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот


Лозана – Романската тенисерка Симона Халеп поднесе денеска тужба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана на четиригодишната суспензија што ѝ беше изречена поради допинг. Поранешната најдобра светска тенисерка и двократна грен – слем шампионка беше суспендирана на 7 октомври лани, откако независна комисија утврди дека 32-годишната Романка „намерно ги прекршила антидопинг правилата“. Обжалувајќи ја […]

Анчелоти: Не ми се допадна што ѝ дозволивме на Брага да постигне гол


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати забелешки кон своите фудбалери и покрај победата над Брага (2:1) синоќа во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. – Родриго постепено почнува да постигнува голови и тоа е многу важно за нас. Генерално мислам дека одигравме многу добар натпревар. Не ми се допадна […]

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата


 Со два одиграни натпревара ноќта вторник кон среда отворена е сезоната 2023/24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл-дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Во поразениот тим се истакна Леброн […]

Историски прв бод за Алкалоид во евро-куповите


Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид го освои првиот бод на меѓународната сцена. Во својот прв натпревар на гостински терен во ЕХФ Европската лига, избраниците на тренерот Кирил Лазаров, вечерва одиграа нерешено, 29:29 против шпанска Логроњо Ла Риоха. Алкалоид во неколку наврати се враќаше по негатива од три и четири голови, за на почетокот на второто полувреме, […]

Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата


Рекордни 125 кошаркари од 40 земји на шест континенти ќе бидат дел од новата сезона во НБА лигата која почнува вечерва со натпреварот меѓу актуелниот шампион Денвер и Лос Анџелес лејкерс. Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во […]

Теренот на Арената „Тодор Проески“ добива нов лик


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави денеска дека до крајот на оваа седмица ќе ги заврши започнатите активности за поставување нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по околу еден месец работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на […]

Санчез Мартинез ќе го суди дербито Барселона – Реал


 Надлежните за делегирани судии во шпанската Ла Лига се одлучија кој ќе ја дели правдата на Ел Класико.  Хозе Марија Санчез Мартинез ќе биде назначен главен судија за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври. Ова на Радио Марка го соопшти поранешниот судија Павел Фернандез. – Лицето одговорно за спроведување на правилата следната […]

Алегри: Имавме играч повеќе, но брзината на Леао може да ја неутрализира оваа предност


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги искажа своите впечатоци по натпреварот од 9. коло на италијанското првенство против Милан (1:0). – Откако се најдовме во мнозинство, не го започнавме најдобро второто полувреме. Во последните минути ни недостасуваше трпение и му дозволивме на Милан да се заканува со контранапад. Да, имавме играч повеќе, но брзината на […]

Фудбалскиот свет во тага: Почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година


Лондон– Освојувачот на светскиот фудбалски шампионат со Англија во 1966 година и добитникот на Златната топка истата година, Боби Чарлтон, почина денес на 86-годишна возраст, објави Манчестер јунајтед. – Нашиот клуб жали за смртта на Сер Боби Чарлтон, еден од најголемите и најомилените играчи во историјата на Манчестер јунајтед. Сер Боби беше херој за милиони […]

Барселона забрани на својот стадион внесување знамиња на Израел и Палестина


Барселона – Израелските и палестинските знамиња се забранети на домашните натпревари на шпанскиот фудбалски клуб Барселона. Каталонскиот клуб за ова ги информираше навивачите преку канали за внатрешна комуникација.  Полицијата на Барселона оваа мерка ја означи како „задолжителна“ од страна на клубот. Во текстот испратен до навивачките групи се наведува дека „секакви симболи, банери, текстови и […]

Викендов дводневен коњички турнир на хиподромот во Маџари


На хиподромот во скопско Маџари, клубот Илинден и Коњичката федерација на Македонија викендов ќе одржат дводневен турнир во прескокнување пречки. За денес од 10 часот е предвидено да се одржи последното, 6. коло од Државното првенство во прескокнување на пречки.  На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д, […]

Гвардиола: Халанд ја заслужува Златната топка


 Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека играчот на неговиот тим Ерлинг Халанд заслужува да ја освои наградата Златна топка за најдобар фудбалер во 2023 година. Халанд оваа година постигна 52 голови на 53 натпревари и му помогна на Сити да ја освои тројната круна. Норвешкиот голгетер е меѓу 30 кандидати за престижната […]

Тенискиот Јунајтед куп со Ѓоковиќ, но без Надал


Мелбурн – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе ја почне сезоната во 2024. на екипниот Јунајтед куп во Австралија, но неговиот голем ривал Рафаел Надал нема да биде во шпанската екипа, потврдено е денеска. Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија на второто издание на турнирот вреден 15 милиони австралиски долари, кој од 29 декември до 7 […]

Нема одложување на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево го објави распоредот за натпреварите од претстојното 8. коло во машката Суперлига во кое нема измени во програмата во која за в недела во Битола е закажано големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Раководството на Вардар 1961 вчера побара од РФМ одложувањето на дуелот во Битола поради […]

Челникот на францускиот фудбал во одбрана на Бензема


Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Филип Дијало, изјави синоќа дека Карим Бензема е „еден од најголемите француски играчи на сите времиња“ во време кога прославениот фудбалер се најде под жестоки критики од францускиот министер за внатрешни работи за наводни „врски со организацијата Муслиманско братство“. „Што се однесува до Карим Бензема, сосема искрено, не […]

Барселона со логото на Ролинг Стоунс на „Ел Класико“


 Шпанскиот фудбалски првак Барселона соопшти денеска дека на претстојното големо дерби мадридски Реал на дресовите ќе го носи логото на култната англиска рок група Ролинг Стоунс, како дел од спонзорскиот договор со Спотифај. На дресовите на Барселона претежно стои логото на Спотифај, кој е спонзор на предната страна на дресот, а шпанскиот првак сега усвои […]

Вардар 1961 побара одложување на дербито со Еурофарм Пелистер поради вироза во тимот


Скопскиот прволигаш Вардар 1961 побара денеска од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да го одложи претстојното дерби против шампионот Еурофарм Пелистер поради неповолна здравствена состојба во тимот, повеќето играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза. -Заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои […]

„Спорт лајф“ обложувалници редовно ги поддржуваат спортските и хуманитарните настани


„Sport Life“ обложувалниците, заедно со „Sportlife Gaming“ автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата. „Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа.“ Ќе споменеме дел од […]

Азар: Не сакав да одам некаде да играм само за пари


Поранешниот играч на Реал Мадрид и Челзи, Еден Азар објасни зошто решил да стави крај на професионалната кариера. – Нема да кажам дека беше тешко да се донесе одлука да ја завршам кариерата. Размислував некое време, па ми стана полесно. Имам толку многу работи надвор од фудбалот што можев мирно да ја донесам одлуката. На […]