Бродот со навивачи на Вест Хем кои патуваа на дербито со Фулам се заби во мост


Бизарна сцена во пресрет на лондонското дерби меѓи Фулам и Вест Хем, откако традиционлано навивачите се упатија по Темза со брод на гостувањето кој се заби во мост.

Неверојатна увертира имаше малолетното лондонско дерби меѓу Фулам и Вест Хем, кое се одигра вчера, во кое гостинските навивачи влегоа во неволја.

Навивачите на Вест Хем доцнеа на натпреварот со градскиот ривал затоа што нивниот брод удри во мост на реката Темза. Бизарната сцена пред натпреварот беше предзнак за тоа што ќе се случи со Вест Хем на самиот натпревар.

Гостинските навивачи ја продолжија својата долгогодишна традиција да го посетат Фулам со брод преку Темза. Тоа е еден од попријатните начини да се стигне од Источен до Западен Лондон на брз начин и навивачите на Вест Хем секогаш го користат кога гостуваат во Фулам.

Но, вчерашното искуство беше сè само не пријатно. Некои од гостинските симпатизери беа снимени како влегуваат во неволја додека нивниот брод удри во мостот на реката Темза.

Бродот „Смарагдот на Лондон“ удрил во железната конструкција и направил силна бука. Фановите кои до тој момент пееја беа загрижени за тоа што се случува.
По итното запирање, бродот мораше да се сврти и да се врати, а навивачите мораа да најдат алтернативно решение за превоз до натпреварот. На Крејвен Котиџ пристигнаа многу доцна, а нивниот Вест Хем доживеа целосна катастрофа и загуби со 5:0.