Ибрахимовиќ во Управниот одбор на Милан


Поранешниот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ е назначен денеска за виш советник во Управниот одбор на Милан, соопшти италијанскиот фудбалски гигант.

„Мојата љубов кон Милан е бесмртна. Благодарен сум им на луѓето од клубот кои ме повикаа да се вратам“, изјави Ибрахимовиќ.

Поранешниот шведски репрезентативец во два наврати вкупно четири години го носеше дресот на Милан, одигрувајќи 93 натпревари на кои постигна 48 голови.

„Долго размислував за мојата кариера по фудбалот и мислам дека е вистинската одлука да го почнам ова патување со RedBird (инвестицискиот фонд во чија сопственост е клубот) и Милан. За мене ова е враќање дома“, изјави Ибрахимовиќ.