Мусиала најмлад фудбалер на Баерн Минхен со 100 настапи во Бундеслигата


Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Џамал ​​Мусиала го одигра својот 100-ти натпревар за Минхен во германското првенство.

Баерн синоќа го победи Волфсбург на гостински терен со 2:1, а Мусиала беше стрелец на водечкиот гол за Баварците.

Играчот од средниот ред, на возраст од 20 години и 297 дена, стана најмладиот играч на Баерн кој стигнал до ваков број натпревари. Во историјата на Бундеслигата, Мусиала е само втор по Каи Хаверц, Тимо Вернер и Јулијан Дракслер.

На 100 настапи за Баерн во Бундеслигата, Мусиала постигна 26 гола и беше творец на 21 асистенција.