Манчестер сити нов светски клупски првак


Фудбалерите на Манчестер сити ја освоија титулата на Светското клупско првенство во организација на ФИФА, откако вечерва во финалето во саудискиот град Џеда го совладаа бразилски Флуминенсе со 4-0 (2-0).

Актуелниот европски првак дојде во водство по само 60 секунди со голот на Алварез, а до крајот на полувремето ја одвои предност преку автоголот на Нињо.

Фоден во 77 минута ги реши сите дилеми околу победникот, а печат на победата на премиерлигашот стави Алварез (88) со својот втор гол вечерва.

За Манчестер сити ова е прва титулата светски клупски првак во историјата со која англискиот клуб инкасираше 4.65 милиони евра.

Третото место го освои египетски Ал Ахли, совладувајќи ја претходно оваа вечер јапонска Урава со 4-2.