На Анчелоти му се допаѓа идејата за Суперлига


Шпанските фудбалски гиганти Реал и Барселона,, засега се единствените доследни на планот за формирање европската Суперлига, а тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти ја оцени идејата како добра.

Реакцијата на стратегот на Реал уследи откако Судот на правата на Европската унија во средата соопшти дека УЕФА и ФИФА ја злоупотребиле доминантната положба, блокирајќи го со санкции формирањето на Суперлига.

„Одлуката на судот е важна за фудбалот. Некои клубови не се уверени, но верувам дека ова може да биде позитивна работа за сите“, рече Анчелоти.

Италијанскиот стратег како позитивни работи во формирањето ново клупско натпреварување ги наведе укинувањето на мконополот на УЕФА, како и редуцирањето на бројот натпревари кои клубовите сега се обврзани да ги играат.

„Факт е дека веќе нема да има монопол, а тоа го сметам за позитивно. Исто така, ќе се подобри и календарот и во таков случај сите се победници. Мислам дека врз основа на судската одлука фудбалот ќе направи исчекор“, додаде Анчелоти.