Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри


Борачите донесоа три медали за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата финална борба во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противник го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. […]

ПМФЛ: Вардар убедлив против Силекс


Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два порази во ПМФЛ, совладувајќи го вечерва на домашен терен Силекс со 4-1 (1-1) во рамки на 4. прволигашко коло. Актуелниот шампион рано дојде во водство со голот на Данев во 3 минута, но кратовскиот прволигаш до крајот на полувремето го израмни резултатот со погодокот на Анѓелески (37 […]

Топката со која Марадона го постигна голот „Божја рака“ продадена за 2,5 милиони фунти


 Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи […]

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари


Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување […]

ШК Алкалоид со победа тргна во одбрана на двојната круна во државните првенства


Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, […]

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС опен


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија.  Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се […]

Заврши Светскиот крапски куп „Маврово Опен 2026“, уловени над 1,3 тони риба


Со прогласување на најуспешните риболовци, вчера заврши „Маврово Опен 2026“ Светскиот крапски куп. Овој натпревар во спортски риболов на крап кој се одржа викендов (од 20 до 23 август), беше во организација на Македонската риболовна федерација и со поддршка на локалнта самоуправа и ЈУНП „Маврово“. На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе […]

Филс го победи Тијафо во финалето во Синсинати


Синсинати – Францускиот тенисер Артур Филс го победи Американецот Франсис Тијафо во финалниот натпревар на турнирот во Синсинати со 6:3, 1:6 и 6:0. Мечот траеше 1 час и 28 минути.  Дваесет и двегодишниот Филс (рангиран 21. во светот) сервираше 11 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки.  Дваесет и осумгодишен Американец […]

Чеферин: Некој треба да го потсети Инфантино дека е Европеец


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, треба да се сети дека е Европеец, нарекувајќи го планот на неговиот колега од ФИФА за продажба на удел во Светското првенство „полош од Суперлигата“. – Верувам дека овој план е уште полош од планот за Суперлигата. Многу важни клубови сакаа да создадат […]

Гоф го освои турнирот во Синсинати


Американската тенисерка Коко Гоф ја победи сонародничката Џесика Пегула во финалниот натпревар од турнирот во Синсинати, САД со 6:2 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 14 минути.  Дваесет и двегодишната Гоф (рангирана на 4-то место во светот) сервираше еден ас, направи една двојна грешка и реализираше пет од шест брејк топки.  Нејзината 32-годишна противничка […]

Фати Вејсели ќе се бори за златен медал на Медитеранските игри


Фати Вејсели се пасира во финалето на Медитеранските игри во Таранто – Итлија и го обезбеди првиот медал за Македонија, најмалку сребрен.  Фати Вејсели во полуфиналето го победи Јасин Јесил од Турција со 5-3. Резултати Медитерански игри: 74 кг Фати Вејсели – Хиаридн Бен Тлили (Тунис) 6-3 Фати Вејсели – Омар Мухамед Мурад (Египет) 4-1 […]

Македонија со двајца полуфиналисти во борење на Медитеранските игри


Македонското борење продолжува со одлични настапи на Медитеранските игри во Таранто, каде што двајца наши претставници обезбедија место во полуфиналето. Реџеп Хајдари стигна до завршницата во категоријата до 94 килограми, иако патот до полуфиналето не му беше без проблеми. Во првата борба македонскиот борач претрпе убедлив пораз од Гркот Дурен Куруглиев со 0-10, но веднаш […]

Дејан Георгиевски по исцрпувачка борба не се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри


Дејан Геогиевски во борба во три рунди загуби од турскиот репрезентативец Хусеин Демирџиоглу со 1-2. Така, останавме без медал во таеквондо на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Дејан беше на чекор да обезбеди најмалку бронза. -80 кг Филип Блажевски – Неџат Хусиќ (Босна и Херцеговина) 0-2 +87 кг Дејан Гоегоргиевски – Мотаж Ифауи (Тунис) 2-1 […]

Де Брујне: Се надевам на сезона без повреди


Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, ги сподели своите очекувања за сезоната 2026/27. – Минатата година беше тешка, морав да одам на операција и да бидам надвор од терените пет месеци. Мислам дека добро ја започнав минатата сезона, но беше многу тешко да се вратам во март кога сите други се во врвна форма. Се […]

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево


Крушево изминатите недели беше сцена на еден од најголемите успеси во македонскиот параглајдинг. Македонија го освои среброто на Европското првенство во екипна конкуренција, додека Ана Бергер стана европска шампионка во женска конкуренција. На првенството, кое од 8 до 19 август се одржа во Крушево, учествуваа 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златото во […]

Дејан Георгиевски избори четвртфинале во Таранто


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија. Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути […]

Вавринка остана без покана за Отвореното првенство на САД во последната сезона од својата кариера


  Организаторите на Отвореното првенство на САД се соочија со критики откако му одбија на поранешниот шампион Стен Вавринка покана за главната ждрепка на овогодинешниот турнир, иако 41-годишниот Швајцарец е во последната сезона од својата професионална кариера. Последната покана во машка конкуренција му беше доделена на Американецот Патрик Кипсон, додека друго место, испразнето откако Мартин […]

Баерн го освои Суперкупот на Германија


Баерн Минхен синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во Суперкупот на Германија 2026. Натаниел Браун, новото засилување на Баерн, го отвори резултатот во 28. минута. Михаел Олисех беше асистент. Самиот Олисех го дуплираше водството на Баерн кон крајот на првото полувреме. Фабио Силва го постигна единствениот гол за Дортмунд во 75-та минута. Натпреварот се […]

Пегула и Гоф финалистки на турнирот во Синсинати


Американките Џесика Пегула и Коко Гоф ќе играат за трофејот на ВТА 1000 турнирот во Синсинати, САД. Ова е епилогот по двата полуфинални меч. Ноќеска Гоф ја победи Чехинката Сара Бејлек, претходно Пегула беше поуспешна од Ига Швјонтек од Полска. Резултати во полуфиналето: Коко Гауф (САД, 4 носителка) – Сара Бејлек (Чешка) – 6:4, 6:1 […]

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција […]