Реал Мадрид веќе го има наследникот на Куртоа
Реал Мадрид веќе го има наследникот на голманската позиција за Тибо Куртоа. Според пишувањата на шпанските медиуми прв избор за наследник на Куртоа, голманот на Порто Диого Коста, еден од најдобриот голмани во Европа.
Куртоа прифати да го продолжи договорот со клубот до летото 2028 година, а управата на клубот сака да најде решение за голманската позиција.
Португалскиот голман има 26 години и целата кариера ја мина во редовите на Порто, а последните сезони ја има и капитенската лента и е еден од клучните играчи во екипата. Реал Мадрид е подготвен за разговара со Порто за трансфер со активирање на клаузулата од 60 милиони евра. Со евентуалниот трансфер е запознаен и тренерот на кралскиот клуб, Жозе Мурињо.
Куртоа во Реал Мадрид дојде во 2018 година од Челзи за 35 милиони евра. Белгискиот голман се очекува да ја продолжи соработката со Реал до 2028 година, а улогата на резервен голман ќе остане за Андриј Лунин.