„Пријатели“ е најдобра хумористична ТВ серија на сите времиња
САД- Посетителите на интернет страницата „Ранкер“ имаа можност да гласаат за „најдобра хумористична ТВ серија на сите времиња“. Како што и многумина очекуваа, победникот е серијата „Пријатели“, со освоени 570.000 гласови. Серијата се емитуваше од 1994 до 2004 година, и важи за еден од најпрепознатливите телевизиски шоуа.