Нови фотографии од новородениот принц Луис


Англија–  Кесингтонската палата објави на официјалниот Инстаграм профил две нови фотки од новородениот принц Луис. Третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе биде петто во редот за наследство на кралската круна.

Едната фотка каде принцот Луис лежи сам е направена од Кејт на 26-ти април, а на другата од 2-ри мај, може да се забележи како неговата сестра, принцезата Шарлот, го бакнува во чело додека спие.

Принц Луис од Кембриџ се роди на 23 април. Јавноста го виде по осум часа од породувањето на принцезата Кејт во приватна болница во Лондон.

Малиот принц Џорџ е роден на 22 јули 2013 во болницата Сент Мери во центарот на Лондон. Принцезата Шарлот е родена на 2 мај 2015.