Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денешниот ден


ОВЕН: Постигнувате материјален просперитет и успех – малце ќе се ослободите од стравовите од финансиска природа, ќе ги осигурате работите околу домот и ќе уживате со семејството. Можно е да добиете некоја сума или наследство, а може и самите да оставите некому нешто.

БИК: Може да се сретнете со некоја заканувачка, а сепак харизматична личност, некој кој е без љубов и чувства, кој може да направи хаос во туѓите животи. Некој со деструктивни идеи, а ги презентира како нешто привлечно пред јавноста. Затоа бидете внимателни да не ве измамат.

БЛИЗНАЦИ: Авторитаризам – нефлексибилно и догматско размислување. Внимавајте, па зарем вие? Но можеби сосема од друга страна ќе налетате на ваква личност од која може да добиете лош совет. Слушајте ја својата интуиција и не размислувајте за лични придобивки денес. Резон.

РАК: Со задоволство ќе трошите пари, време и енергија во својот дом. Ќе инвестирате и ќе се грижите за блиските, а можна е и средба со добродушна и практична женска личност. Внимавајте само да не претерате во трошењето, туку зрело и разумно завршете ги должностите.

ЛАВ: Не губете надеж сега кога е најтемно пред зазорувањето – можеби работите не се движат според планираното, но сепак се одвиваат со своја динамика – не губете интерес! Внимавајте да не се препуштате на преголеми материјални задоволства и калкулирајте правилно. Промени.

ДЕВИЦА: Зошто го затворате своето срце кон едноставните уживања во животот? Бегство од реалноста и одбивање да се напредува и постигне зрелост, радост и исполнување. Соочете се со реалноста со нежна љубезност и не заглавувајте размислувајќи за минатото. Носталгија.

ВАГА: Сиот овој период се соочувате со своевидни одолговлекувања кои од вас бараат такт и дипломатија. Вашите напори може да се саботирани од страна на предавници и саботери. Не ја расфрлајте својата сила пред конечната битка. Проблеми со здравјето или губење на волјата.

СКОРПИЈА: Денес доаѓате до долгоочекуваниот договор помеѓу вас и вашите партнери – интимни и професионални – наместо од страв, дејствувајте од љубов. Постигнувате убавина и внатрешна хармонија. Решение што бара емоционална контрола и верност во духовните работи.

СТРЕЛЕЦ: Во вашиот живот се појавува нова страст и возбудувачки новости – внимавајте на можна средба со некоја превртлива личност која може да предизвика неочекуван пламен и иницира опасна ситуација. Интензивна личност со детска имагинација која нема контрола и такт.

ЈАРЕЦ: Ова е ден кога ќе се соочите со моќна сила која ќе ги забрза досегашните бавни случувања, а со што ќе ви помогне да ја разбиете конфузијата и нерешителноста. Брз напредок кон саканите цели, остварен преку навремена и храбра акција. Храброст во љубовта и бизнисот.

ВОДОЛИЈА: Сега сфаќате дека она што некогаш ви значело многу повеќе нема никаква вредност во вашиот живот, па вие си заминувате напуштајќи ги проектите во кои се вложивте многу – било на интимно или на професионално ниво. Добро е да се повлечете и да медитирате за ова.

РИБИ: Денес е идеален тајминг за повлекување во осаменост и обновување на своите резерви на сила. Не мора сѐ да кажете, сочувајте нешто и за себе, а ако треба комплетно тргнете се од токсичната атмосфера. Потребни ви се одмор и релаксација. Повлекување од материјалниот свет.