„ДеликАРТесна продавница“ во Францускиот институт


Во Францускиот институт во Скопје, вечерва, во 18 часот, ќе биде отворена изложба „ДеликАРТесна продавница“ на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер.

Преку оваа манифестација Францускиот институт го продолжува циклусот „ИН витрини“, во рамките на кој се претставија Школата за стилизам и моделизам „Изет Цури“ и Институтот за моден дизајн при Технолошкиот факултет во Скопје.

Изложбата претставува интересен спој на модни креации и дизајнерски решенија произлезени од сите три катедри, под менторство на наставниот кадар: проф. д-р Јана Манева-Чупоска (декан), проф. д-р Гордана Вренцоска (продекан), вонр. проф. м-р Зоран Ѓурески, вонр. проф. м-р Маја Кировска, вонр. проф. м-р Христијан Санев, доц. м-р Маја Ѓуреска, доц. м-р Благојче Наумовски, доц. д-р Иванка Апостолова, доц. м-р Дејан Ивановски, ас. Александра Јовановска, ас. Екатерина Намичева и Елена Макаровска.

Изложбата ќе ја отворат Емануел Рембер, советник за култура и соработка во Амбасадара на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје и проф. д-р Јана Манева-Чупоска, декан на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје.