Дуа Липа ќе им пее на Реал и на Ливерпул


Британска ѕвезда со албанско потекло, Дуа Липа ќе настапи на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

„Почестена сум што ме повикаа, тоа е прилика што се добива еднаш во животот. Не можам да дочекам да запеам пред навивачите и да бидам дел од толку голем спектакл. Планирам да направам неверојатно шоу“, изјави 22-годишната пејачка.

Мечот за титулата во Лигата на шампионите ќе се игра на 26 мај со почеток во 20.45 часот.