Хороскоп: Што ви советуваат ѕвездите за денеска


ОВЕН: Денес се соочувате со стагнација, расфрлање на енергијата или дебакл. Планетите во Јарец ви предизвикуваат домашни и општествени проблеми, а на емотивно ниво се занесувате со имагинарна љубов или занесеност, која ќе ве исцрпи и нема да донесе исполнување. Фокус.

БИК: Ова е време кога треба да размислите зошто сте заглавени во безнадежна ситуација од која е тешко да се извлечете. Кои се вашите мотиви? Би можеле да се соочите и со туѓи нечесни мотиви и директна измама. Не брзајте да решите сѐ одеднаш – знаете што треба да се менува.

БЛИЗНАЦИ: Можна е загуба која ќе ве дестабилизира привремено – обидете се да не се фокусирате на изгубеното, туку на она што сѐ уште го има. Внимавајте на што ги фокусирате мислите и бидете активни, но не форсирајте премногу. Размислете што сакате да постигнете.

РАК: Амбициозно ја фокусирате својата енергија кон остварување на своите цели и сте ценети од страна на другите. Со голема умешност ќе направите храбри потези и ќе оставите харизматичен и чесен впечаток околу себе. Денес сте магнетски привлечни – уживајте во тоа!

ЛАВ: Сакате да направите пауза за да ги прегрупирате своите сили и размислите. Можеби ќе треба да направите мали отстапки и со интуиција и искуство да ги решите работите. Напуштете ги застарените шеми и со зголемена свесност верувајте во себе, внатрешниот мир и смиреност.

ДЕВИЦА: Сега е добро да застанете зад своите убедувања и да ги споделите со својот ментор или учител, а кои многу ќе им помогнат на луѓето со кои работите. Нови правила и стандарди со кои се проширува тимот. Имајте верба во испробаните методи и традицијата. Нови инструкции.

ВАГА: По малку индолентни, губите интерес за некоја работа која некогаш ви значела многу. Приморани сте да напуштите нешто во кое сте инвестирале голема љубов и внимание. Не барајте материјални задоволства, исклучувајќи ја при тоа можноста за духовен раст. Летаргија.

СКОРПИЈА: Храбри и отворени како никогаш досега, се отворате кон идеи, размислувања и импулси кои доаѓаат од сосема неочекувани места. По малку ноншалантни, опиени сте со љубовта и екстраваганцијата во животот. Со голема самодоверба прифаќате нови ангажмани.

СТРЕЛЕЦ: Можна средба со некоја личност, а со која не сте се виделе одамна – сега е добро да се посветите на своите блиски и овие пријатели, а со што ќе се почувствувате среќно и исполнето. Сепак, не претерувајте во сензуалните задоволства и внимавајте на трошоците.

ЈАРЕЦ: Денес одбивате да напредувате ако за тоа е потребна лична деградација – едноставно ќе се повлечете. Сакате да бидете чесни и да ги задржите пријателствата без заткулисни игри. Она што не вреди да се борите за него, напуштете го без жалење, а со луѓето бидете што пољубезни.

ВОДОЛИЈА: Конечно ќе се сретнете со една прекрасна личност која што е полна со доблест и знаење, која интуитивно ги знае силите на луѓето околу себе и нежно ги култивира. Ќе бидете мирни и релаксирани со што и да се сретнете денес, дипломатски решавајќи ги конфликтите.

РИБИ: Сфаќате дека реализацијата на работата што ви значеше многу сега е од мала вредност. Отпочнување на внатрешно патување за да ги откриете повисоките аспекти на животот. Размислувате за она што навистина е вредно во животот. Не бегајте од своите емоции и тага.