Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работите во емоционалната сфера заживуваат, ги прекрива некој убав сјај: со Месечината во Лав лесно ќе се изразувате и креативно ќе го искористите потенцијалот за комуникација. Забавни сте и спремни да лудувате, а вашите сакани го забележуваат тоа и се заинтересирани за вас. Љубовни радости. БИК: Можеби ќе се соочите со нечија агресивност уште рано изутрина, […]

Истражување: Луѓето над 40-годишна возраст треба да работат три дена неделно


Луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата, се наведува во ново истражување објавено во „Мелбурн институт воркинг пејпер“. Трудот опфатил 3.000 мажи и 3.500 жени на кои им биле поставени прашања за нивните работни навики, како и когнитивни задачи. До 25 работни часа тие биле многу успешни во решавање […]

Јубилејни 30 години на домашна сцена: Рокерите „Елита 5“ со концерт во МНТ


Еден од најпознатите домашни албански рок бендови, „Елита 5“ ќе одржи голем концерт со наслов „Торнадо во Скопје“ на 27 декември со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар. Познатата тетовска рок група годинава одбележува јубилеј – триесет години постоење на музичката сцена. Трите децении музичка кариера во која создадоа бројни хитови, рокерите од […]

Концерт како на филм: Жељко Јоксимовиќ ни ја донесе новогодишната магија


Филмска и музичка магија од два часа, синоќа ни приреди балканската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, во Македонската опера и балет. Мајсторот на добрите забави, кој во ноември, лани, ја наполни арената „Борис Трајковски“, а во 2016 одржа и три последователни концерти во МНТ, ги израдува Скопјани со два концерти во иста вечер, со традиционалниот преднововогодишен проект […]

Тања Кокев со новогодишна колекција: Бидете кралица на празничните забави!


Креаторката Тања Кокев пред новогодишните празници дизајнираше нова свечена колекција, дел од креациите промовирани на отворањето на новиот салон во центарот на Скопје, а дел на својата фејсбук-страница. Во новата, свечена колекција преовладуваат луксузни материјали, со рачно везени бисери и цветни детали. Силуетите, како и секогаш, се женствени. Кокев веќе 12 години е препознатлива по […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ја напуштате својата школка сакајќи да постигнете стабилност на повеќе полиња. Можеби ќе треба храбро да се завземете за некоја идеја, а потоа да разгледате како таа може да се унапреди: време за лајкови – палците горе или долу! Месечината од Рак ве поддржува да се потпрете на некоја интуитивна жена. БИК: Промените отпочнаа и сега […]

Семејството на Заев во Германија: Франкфурт има најубава божикна атмосфера


Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра се на празнично патување во Германија. На својот Инстаграм профил, Александра објави фотографија со мајката, како уживаат во прошетките низ Франкфурт во божиќна атмосфера. Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко. Премиерот и неговата сопруга […]

Предновогодишни журки во Скопје: Џибони или Јоксимовиќ?


Вечерва ќе мора да одлучите: МОБ или ВИП Арена „Борис Трајковски“? Интимна или масовна забава? Српската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ или хрватската поп-ѕвезда Џибони, заедно со Влатко Стефановски Трио и „Фанк шуи“? Популарниот српски музичар Жељко Јоксимовиќ повторно се враќа со претпразничен концерт во Скопје, а дружбата е закажана во МОБ, со два настапи: во 19 […]

Фото-албум од Индија: Сексапилната Бијонсе


Индија– Поп-ѕвездата Бијонсе (37) се пофали со нови фотографии од свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец во државата Раџастан во Индија на која пееше за непознат хонорар.  Бизнисменот Мукеш Амбани ја мажеше ќерка си Ишта Амбани (27) за Ананд Пирамал (33) исто така, син на милионер од Мумбај. Богатите и влијателни гости од САД и […]

Леди Гага во Лас Вегас: Секоја вечер заработка од 1 милион долари


САД- Поп-ѕвездата и актерка Леди Гага потпиша двогодишен договор за шоу во Лас Вегас во наредните две години. Шоуто е замислен како „Енигма“ –концерти со поп-музика и Џез и пијано шоу- со оригинални песни. Првиот концерт е закажан за 28 декември, а ќе има 74 концерти. „Варајети“ пренесува дека ѕвездата за секоја вечер настап ќе […]

Каролина на првите МАС регионални награди во Белград


После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената во Белград ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева. Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој […]

Чизмите на Мишел Обама: Ова не смее да си го дозволи ниту една (прва) дама


САД- Светкавите чизми на експрвата дама на САД Мишел Обама за промоција на мемоарите „Becoming“ во центарот „Беркли“  во Бруклин, ја шокираше модната Америка. Домаќинка и беше, уште една модна дива, актерката Сара Џесика Паркер. Иако двете дами имале одличен муабет, сепак вниманието од разговорот постојано го одвлекувале чизмите на Мишел ко и и се […]

Детален хороскоп за викендот


ОВЕН: Ова е период за споделување: од храната, до доброто расположение. Не жалете за минатите времиња и за она што можело да биде, туку фокусирајте се на непосредната иднина. Сонцето од Јарец го продлабочува вашето разбирање: ако до нешто сега не идело, прашајте се што може да дадете, а не да одземете. БИК: Убаво е […]

Џајковски по долга пауза промовираше нова песна


Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Reminder“ за кој е изработен и видеоспот, а со кој се враќа на сцената по подолга дискографска пауза. Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра комбинација на балкан бит звукот со глич-хоп и реге […]

„Бернајс пропаганда“ со нов музички материјал


Македонскиот музички состав „Бернајс пропаганда“ издаде нов материјал под наслов „Ништо нема да нè раздели“. Содржи три нумери кои се снимени во „Студио 1060“ со новата постава на бендот. Покрај вокалистката Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев, на овој материјал работеа и Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски, а како гости се појавуваат Тони Китановски […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Колку и да сакате да ги забрзате работите, сепак нема да успеете. Можеби ќе се соочите со груби и брзи реакции, кои ќе ги доживеете како забивање на ножеви во грб. Останете фокусирани на целта и како воз кој што проаѓа низ тунел, продолжете и кога условите се нејасни. Набрзо ќе имате причина да славите. […]

Македонски пејачи ќе ја возобноват старата божикна песна „Небо и земја“


Познати македонски поп-пејачи ќе влезат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, како што изминативе години тоа го направија со старата коледарска песна „Вечниот Бог“. Тие веќе работат во студио на возобновувањето на „Небо и земја“ – Божикна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има […]

Влатко Стефановски прозборе за хрватска „Глорија“: Две семејни трагедии во една година


Пред утрешниот концерт во Загреб, легендарниот гитарист Влатко Стефановски (61) за новиот број на магазинот „Глорија“ открива што му дава сила по две големи трагедии во семејството. Стефановски во годинава што изминува се соочи со две, за него, необјасниви губитоци- му починаа сопругата Гордана и братот Горан Стефановски, а утеха, како и многупати досега, пронајде […]

,,Златна бубамара на популарноста 2019“: Да се предадеме на смеа и музика


Манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ќе се одржи на 21-ви февруари во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје. Слоганот на претстојното забавното шоу е -Да се предадеме, а организаторите во свој стил ја најавија програмата за настанот. -Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава […]

Рованиеми, Финска: Ѕирнете во канцеларијата на Дедо Мраз


Финска – Сте се прашале ли некогаш што прави Дедо Мраз откако ќе заврши со делење пакетчиња на Божик? Па, како и секој друг вреден возрасен човек, се враќа во канцеларија. Селото на Дедо Мраз во Рованиеми, Финска е местото каде се наоѓа канцеларијата на Дедо Мраз што го игра актер полиглот. Тој секој ден се […]