Хајди Клум трудна по петти пат


Поранешната германска манекенка и супермодел Хајди Клум (45), која на Бадник се вери со 17-години помладиот музичар Том Каулиц, наводно сега е бремена.
Ако се потврдат гласините, на Хајди ова ќе и биде петто дете, но прво со Каулиц.
За доаѓањето на приновата му се испушти на германскиот дизајнер Волфганг Јоп, кој со Клум е дел од жирито на „Germany’s Next Top Model”, а иако двојката ниту ја потврди, ниту ја негира информацијата, фановите на социјалните мрежи веќе размислуваат за полот на детето и смислуваат имиња.
„Па тоа е одлична вест! Мило ми е што е така, конечно ќе се здебелиш. Не може така да изгледаш, а се ближиш кон 50 години. Ти посакувам девојче, жените да владеат“, беше еден од коментарите.
Двојката не се грижи за разликата во годините и не ја преиспитуваат својата врска поради тоа.