Хороскоп: Вашата дневна анализа


ОВЕН:
Моќни влијанија ве ставаат во лидерска позиција и ова е ден за паметење, но склон кон нагли промени. Ќе треба да сортирате што е важно и да дојдете до помирна позиција: Месечината во Близнаци ќе ви укаже што е нужно да изјавите, а што треба да остане тајна. Бидете мудри и култивирајте ја интуицијата.

БИК:
Ќе го запаметите овој ден како посебен: доаѓа до будење! Како да бевте заспани во некој дамнешен сон, но сега имате избор: сменете ги уверувањата и лошото друштво во сите ситуации и искористете ја шансата следниот пат да бидете подобри. Имате ретка среќа да ги поднесете овие работи зрело и разумно. Разговори.

БЛИЗНАЦИ:
Практични и искусни, денес сфаќате дека е време за поставување на граници: некаква рамка или стандард треба да постои, а тој треба да е објективен. Не може луѓето вечно да останат слепи и со погрешни уверувања. Со голема интелигенција ќе им покажете примери кои трансформирале многу животи. Логика!

РАК:
Планетите во Овен покажуваат дека се држите со последни сили и тамам кога ќе мислите да се откажете, одеднаш добивате свежа сила и идеја со која што ќе финиширате ефективно! Следи финансиски фидбек, но и раздолжувања. Тестирајте ги надворешните услови и ќе знаете како да напредувате. Пратете го својот компас.

ЛАВ:
Месечината во Близнаци и контактирате со повеќе личности: некои од нив сакаат да вложат во вас, а некои само го користат вашето друштво. Можеби ќе ви треба време да се привикнете на ова или да откриете кој е кој, но штом се осигурате, ќе може да ја избегнете потенцијалната криза. Бидете внимателни ако појдете на пат.

ДЕВИЦА:
Имате прекрасни и зрели идеи, кои ќе почекаат до пладнето: бидете умерени и нежни и штом дојде вашето време, фокусирајте се на важното и не отстапувајте. Ова е време за калкулирани чекори, а не за брзи договори или своеволие. Повлечете се ако се соочите со незгодни луѓе, повикувајќи се на својата резервирана природа.

ВАГА:
Колку и да сакате да го мешате шпилот на карти, тие неминовно ќе ви излетуваат од рацете: нагли и неочекувани вести, кои ќе побараат мудро размислување. Не обѕрнувајте се на нагласените и нејасни емоции, но следете го својот резон, потпирајќи се на традицијата. Венера во Јарец е зрела придружничка. Наследство.

СКОРПИЈА:
Планетите во Јарец ви носат нови договори, но знајте дека не треба да сте тесногради и егоцентрично засегнати. Месечината во Близнаци ќе ви донесе нови информации од таен и не толку таен карактер, по кои што ќе препознаете кои се следните чекори. Разбудете ја совеста, погледнете малку подалеку од своето видно поле.

СТРЕЛЕЦ:
Ова се бурни времиња пријатели, но се чини дека се носите добро со нив. Средба со љубени луѓе од минатото, со кои ќе споделите нежни чувства. Имајте во предвид дека ве очекува штедење или контрола на личната сила за постигнување на саканиот статус и бидете нежни, како летно ноќно ветре: со себе и со другите.

ЈАРЕЦ:
Време е да завртите нов лист: денес се соочувате со побрзи влијанија, но во текот на попладнето: заборавете на емотивниот багаж, ако сакате да полетате, ќе треба да ја напуштите мешунката. Убави шанси за љубов, патувања и пријателства. Напредувате речиси како воен оркестар, со многу бучава и помпа! Уживајте сега.

ВОДОЛИЈА:
Со нагласена сензуалност, денес размислувате за љубов: како да ја понудите, а да не бидете повредени? Сè уште ве боли главата од минатите повреди, но прашајте се која е вашата улога во тоа. Ако кудите некој, тогаш тоа се изговори, затоа добро размислете за туѓите сугестии. Месечината во Близнаци ја проширува визијата.

РИБИ:
Ова е време за жонглирање: имате идеи, а потребни ви се вистинските зборови со кои што би ги пренеле чувствата. Не плашете се да преземете одговорност, кажете ја својата страна од приказната. Без големи изливи на мачеништво: и вие имате вмешано прсти во тортата. Понудете помош и направете нова листа на приоритети.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]