Ја изневери поранешниот сопруг и сега крие дека повторно се омажила?


Магазинот Life&Style пишува дека славната актерка Сандра Булок се омажила во тајност.
Холивудската актерка е во врска со моделот и фотограф Брајан Рендал, а врската со него наводно ја крунисале со брак.
Неименуван извор за овој магазин вели: „Имаа тајна церемонија, само тие двајца и нивните две посвоени деца. Немаше некоја прослава со деверуши и планери на венчавки. Така Сандра сакаше, едноставна церемонија со луѓето кои и се важни, Брајан, нејзината ќерка Лајла и синот Луис“.
Актерката не сакаше да се зборува за венчавката во јавност и нема да носи венчален прстен затоа што не сака луѓето да прават компарација на новиот брак со стариот. Имено, Сандра беше мажена за Џеси Џејмс, кој ја изневеруваше по што актерката го остави.
Џејмс ја запозна две децении помладата Мишел кога дошла на разговор во неговата фирма за работа како манекенка.
Мишел тогаш во детали ја опиша својата афера за магазинот „In Touch”: „јас очигледно сум малку побезобразна од Сандра. Сакам мотори и мислам дека имам повеќе заедничко со Џеси отколку таа. Би рекла дека тој бил осамен во тој брак“, изјави таа.
Сандра и Брајан се уште не се огласиле по повод нивниот брак, а ова не е прв пат овој магазин да пишува за нивната свадба. Во декември 2017 година пишуваа за нивната зимска венчавка, а минатиот април наведуваа дека актерката очекува дете со Брајан.
Сандра го запозна Брајан кога дошол како фотограф да ги забележи моментите на 5-тиот роденден на Луис. Заедно се веќе четири години.