Има 210 кг, заработува богатство од луѓето кои плаќаат за таа да јаде


Webcam девојка која има 210 килограми откри дека заработува богатство така што јаде 10 илјади калории дневно пред обожувателите кои за тоа даваат пари.
Аманда феј (25) го користи својот огромен апетит за на фетишистите да им наплаќа 76 фунти да ја гледаат додека јаде огромни количини храна и пие газирани сокови, пишува „The Sun“.
Нејзиното шоу е популарно благодарение на фетишот познат како „feederism” кој го еротизира јадењето и добивањето на тежина. Нејзините снимки често вклучуваат „жонглирање со сало“, а за фановите се соблекува и топлес и исполнува секакви други фетиши поврзани со дебелина.
Девојката од Калифорнија обично снима три такви видеа дневно, а на гледачите кои се подготвени да платат повеќе, исполнува и посебни барања. Вели дека на дневна база добива еден тон „хејтови“, но додава дека нашла начин тоа да го сврти во позитива.
Аманда вели дека поради вишокот килограми се чувствува среќно – физички и сексуално.
Откако во еден момент изгубила 40 кг сфатила дека тоа го направила за да се вклопи во средината и дека подобро се чувствува со вишок килограми.
Иако од некои добивала чудни желби, сепак повеќето се пристојни.