Омилената русокоса во најгрд фустан: Сите чекаа да ја видат, а таа ги разочара


Многумина едвај чекаа да ја видат, а нејзината појава беше вистинско разочарување.
Австралиската актерка Марго Роби важи за една од најубавите жени во светот на познатите.
Оваа титула и ја донесоа преубавите црти на лицето, нестварно зелените очи и беспрекорниот тен, како и совршената линија, но таа е и талентирана за глума, па многу брзо стана популарна и една од најбараните млади актерки.
Логично и Марго се најде меѓу номинираните за наградите БАФТА, во категоријата за најдобра актерка во споредна улога, па многумина едвај чекаа да ја видат на црвениот тепих на „Ројал Алберт Хол“.
За жал, Роби разочара многумина со својата појава. односно сребрениот фустан и потполно непотребниот црн вел на ракавите и под колената.
Освен фустанот, Марго беше критикувана и за шминката, односно впечатливата сина сенка, која по многумина, никако не оди со нејзиниот тен.
Единствено за што Марго беше пофалена е фризурата – односно високата пунџа на страна која и го отвори лицето и дополнително ја истакна нејзината убавина.