(Видео) Аријана Гранде го освои првото „Греми“, но не се појави на доделувањето


Дуа Липа освои награда за најдобар уметник, додека Кејси Масгрејвс доби признание за најдобар албум на синоќешното доделување на музичките награди „Греми“.
Масгрејвс освои четири награди за албумот “Golden Hour” кој е критички осврт на актуелните случувања во земјата. Наградата ја посвети на сопругот во кој се заљуби за време на снимањето на албумот.
Дуа изјави дека е многу возбудена и се заблагодари што ја освои престижната награда, една од четирите најважни „Греми“.
„Почестена сум затоа што вклучени се многу уметници во оваа категорија. Претпоставувам дека оваа година бнаправивме голем исчекор“, вели Дуа Липа.
Нејзината изјава беше одговор на коментар на претседателот на „Греми“ Нил Портноу, кој минатата година против критиките за недостаток на пејачки во номинации се обиде да се избори велејќи дека е потребно жените да истапат за да бидат забележани. Оваа година упати извинување.
„Минатата година ме потсетија дека соочувањето со проблемот ги отвора очите за пошироки погледи и влијае на тоа повеќе да се посветите на правење промени“ рече тој.
Лејди Гага освои три награди меѓу кои и онаа за најдобар поп-перформанс и најдобар дует. Се работи за песната „Shallow” од фимлот „A Star Is Born” кој е номиниран за оскар. Се заблагодари на режисерот Бредли Купер, а својот говор го посвети на сите кои се во тешка ментална состојба.
„Ако видите некој што страда, немојте да ја вртите главата“, порача таа.
Чајлдиш Гамбино освои две награди – за песна и видео на годината, двете за синглот „This is America” во кој ја критикува општествено-политичката ситуација во САД.
Најдобар дебитантски албум имаше Карди Би, раперка од Бруклин, под наслов „Privacy”. Во времето кога го снимаше албумот остана трудна и наградата ја посвети на својата ќерка Калчр Кјара.
Аријана Гранде, чиј настап беше откажан поради препирки со организаторот, доби награда за најдобар поп албум „Sweetener”, а тоа и е прва награда греми во нејзината кариера.
Церемонијата за доделување на наградите  „Греми“ ја отвори Камила Кабело во шарено издание изведувајќи го хитот “Havana”. Во точката учествуваа латино изведувачи како Рики Мартин и Џеј Балвин како и кубански салса бенд.
За разлика од минатата година, кога оваа церемонија беше на удар на жестоки критики, овогодинешната беше потполна промена. Водителот Џејмс Корден го заменија со Алиша Кис која пред камерите ги доведе Гага, Жад Пинкет-Смит, Џенифер Лопез и поранешната прва дама на Америка мишел Обама.