Иван Кукиќ & Sound Therapy го претставуваат синглот и видеоспотот „Зачаран круг“


По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг“, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на […]

Тејлор Свифт и Травис Келс донираа 26 милиони долари во хуманитарни цели пред денешната свадба


Њујорк – Тејлор Свифт и Травис Келс донираа 26 милиони долари на 20 хуманитарни организации во пресрет на нивната денешната свадба. Претставник на поп-ѕвездата потврди дека парот – кој треба да се венча во „Медисон Сквер Гарден“ вечерва – ја направил оваа значајна донација. Овие 20 хуманитарни организации вклучуваат девет банки за храна, една организација […]

Културната елита на концертот на „Дјуран Дјуран“: Магична вечер во Скопје (галерија)


Скопје вечерва заличи на светска метропола. И со убавата публика од сите сфери на живеење и со светскиот настап на „Дјуран Дјуран“ која уште ги полни салите. Скопје и фановите од регионот вечерва ги видоа и ги слушнаа во живо идолите од 80-тите години, кои допатуваа од Софија со приватен авион со нивните сопруги и […]

Копров за Владо Јаневски: Најсилна страна му беа текстовите


Беше пребирлив, талентиран, ексцентричен, џентлемен, со свој стил на живот и не се оптоваруваше со другите. Перфекционист и со изборот на песните и со изгледот. Текстовите му беа најсилна страна, вели хитмејкерот и композитор Григор Копров за поп-ѕвездата Владо Јаневски, во разговор за „Независен“. На времето, кога не постоеја социјалните мрежи и врските,  требаше да […]

Актерот Дени Гловер боледува од Алцхајмерова болест


Вашингтон – Американскиот актер и активист Дени Гловер, најпознат по улогата на харизматичниот полицаец во серијата „Смртоносно оружје“, откри дека боледува од Алцхајмерова болест. Овој 80-годишен актер четири пати е номиниран за наградата Еми. – Пред три години ми беше дијагностицирана прогресивната болест која ја уништува меморијата, изјавил Гловер за списанието Пипл. Сè уште не можам […]

FOLTIN RE:COMPOSED: Обраќање во прво лице


Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од прославата да им ја препуштиме на другите. Ја препуштаме на пријателите, на музичарите со кои сме се сретнале по патот и на оние што во некој момент влегле во нашата музика, а потоа ја понеле со себе. FOLTIN RE:COMPOSED е албум составен од нови читања на […]

„Дјуран Дјуран“ доаѓаат во Скопје со сопругите: Сите детали пред вечерашниот мегаконцерт


Британската поп-сензација „Дјуран Дјуран“ вечерва од 21 часот, по концертот во Софија, ќе одржи прв концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата низ Европа, вклучувајќи концерти во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Србија, како и три специјални настапи во Италија ова лето: 7 јули во Верона, 9 јули во Казерта и 11 јули […]

Харви Вајнстин хоспитализиран поради сериозни здравствени проблеми


Вашинтон – Здравствената состојба на Вајнстин е влошена, поради што тој ќе биде хоспитализиран неколку недели, додека не оздрави сосема, изјавил неговиот портпарол за Дедлајн. Според медицинските извештаи, американскиот продуцент има срцева слабост предизвикана од воспаление на белите дробови, при што претходно бил лекуван во затворското одделение на болницата Белвју, во Менхетен. Во изминатите неколку […]

Најголемата љубов на Владо Јаневски, дојде, го виде и си замина


Бројни љубови и врски (јавни и тајни) поминаа низ животот на поп-ѕвездата Владо Јаневски, кој во едно интервју изјави дека „ …Да, минатото ме направило ова што сум денес, но не чувствувам потреба да ги превртувам низ глава минатите години, минатите љубови и настани, освен можеби кога пишувам песна“.  Тага, болка и неверица: Погребан Владо […]

„Уште ми фалиш“ стигнува на црвен винил: Дац и Александар со ново ретро изненадување


Романтичарското дуо Дац и Александар подготви ново, несекојдневно изненадување за љубителите на нивната музика. Како што најавија на нивниот голем концерт „Дамите бираат“ во МНТ, денес, четврток, 2 јули, во Трибека ќе ја промовираат својата грамофонска плоча со наслов „Уште ми фалиш“.   Како вистински поклоници на ретро стилот, Дац и Александар создадоа винилно издание […]

„Менарт“ од Загреб се прости од Владо Јаневски


Поп-ѕвездата Владо Јаневски, кој почина завчера во Скопје, на 65 години, во 2025 година објави албум на хрватски јазик, „Најубавите љубовни песни“, под етикетата на „Менарт“. Тие се простија од пејачот и композитор со следната објава на ФБ.  „Во „Менарт“, со тага се збогуваме со Владо Јаневски, еден од најпрепознатливите гласови на македонската популарна музика. […]

Тага, болка и неверица: Погребан Владо Јаневски


Семејството, роднините, пријателите и колегите од естрадата денес за последен пат се простија од поп-ѕвездата Владо Јаневски, препознатлив како врвен текстописец на своите хитови, од почетоците во „Ластовица“ и „Куку леле“, до успешната соло кариера која му донесе статус на ѕвезда со песни кои ги одбележа сите генерации. Неверица, болка и тага денес се измешаа […]

Почина Виктор Вилис, фронтменот на „Вилиџ Пипл“ и автор на песната „YMCA“


Виктор Вилис, фронтменот на Village People и коавтор на нивниот хит „YMCA“, почина, објави неговото семејство. Вилис почина во вторник, 30 јуни. Веста за неговата смрт беше објавена на Фејсбук страницата на Вилис и на официјалната веб-страница на бендот. Во изјавата на неговата сопруга се наведува дека Вилис починал „како резултат на кратка, но агресивна […]

Кара Делевињ ја потврди романсата со Амбер Херд за време на разводот со Џони Деп


Кара Делевињ поставува рекорд! Легендарната манкенка и лезбејка, актерка и музичар зборуваше за својата долга романса со бисексуалната актерка Амбер Херд. Таа откри дека нивната врска не само што го преживеала разводот на Херд од Џони Деп, туку всушност и претходела на него. Во разговор со подкастерот Луис Теру, Делевин отворено зборуваше за својата долгоочекувана […]

Драмата меѓу Блејк Лавли и Џастин Балдони не е завршена


Вашингтон – Актерката Блејк Лајвли бара повеќе од осум милиони долари оштета од Џастин Балдони, откако беше отфрлена неговата тужба за клевета. Според Балдони, Лајвли лажно го обвинила за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ – За успешно отфрлање на тужбата беше вложен обемен правен ангажман, кој беше клучен за […]

Последната желба на Владо Јаневски


Денес, на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан Владо Јаневски, поп-ѕвезда и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави […]

Скопјани послаа светлина на последната патека за Владо Јаневски (фото/видео)


Речиси четири часа обожувателите на песните  на големиот македонски пејач и текстописец Владо Јаневски, ги пееја неговите песни, од „Нусе“, до „Чаирска романтика“, незаборавната „Некогаш и негде“ и „Само дома си е дома“. Не ечеше вечерва пред СЦ „Борис Трајковски“. Песните беа испеани со љубов, сентименталност и носталгија, со почит кон Јаневски, кој нè напушти […]

„Не научија ли ништо од Безос и Санчез“: Њујорчани бесни за свадбата на Тејлор Свифт


Њујорк – Свифтовите низ целиот свет ги одбројуваат деновите додека Тејлор Свифт и Тревис Келс не кажат „Да“, надевајќи се дека пејачкатапоп-ѕвездата и музички феномен, добитничка на Греми, конечно ќе го добие својот среќен крај. Сепак, многу членови на јавноста со нетрпение ја очекуваат свадбата од сосема поинаква причина – тие сакаат да завршат претстојните […]

Бред Пит постигна судска победа, но Анџелина Џоли вели дека борбата не е завршена


Анџелина Џоли наводно е подготвена за следното поглавје во нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит. И покрај тоа што Пит неодамна постигна неколку судски победи во тековниот спор околу нивната француска винарија, Шато Миравал, член на правниот тим на Анџелина Џоли вели дека актерката останува уверена додека случајот се движи кон судење […]

Мадона и нејзината ќерка Лола Леон снимија заедничка песна за новиот албум


Лос Анџелес – Пред објавувањето на нејзиниот нов албум „Confessions II“, МАДОНА сподели клип од песната „The Test“, која ја снимила со нејзината 29-годишна ќерка Лола Леон. Албумот излегува на 3 јули, а пејачката откри дека оваа песна е создадена од нивната желба да ја поправат својата врска. Мадона објасни дека идејата за заедничката песна […]