Концертот на Шакира и Кристина Агилера во Абу Даби откажан поради војната на Блискиот Исток


Концертот на американските и колумбиските пејачки Кристина Агилера и Шакира на музички фестивал во Абу Даби е откажан, бидејќи тековната војна на Блискиот Исток продолжува да ги нарушува настаните во регионот.

Организаторите на музичкиот фестивал „Офлимитс“, кој беше закажан за ноември во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, објавија дека ќе им ги вратат парите на оние кои веќе купиле билети, објавува „Араб Тајмс“.

„Со нетрпение очекуваме повторно да ја собереме заедницата „Офлимитс“ во 2027 година“, се вели во порака објавена на веб-страницата на фестивалот.

Првично беше закажано фестивалот да се одржи во април во паркот „Етихад“, но беше одложен за 21 ноември на островот Јас.