Муцунски разочаран од Софија што забрани влез на адвокатот Менкиновски


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е загрижен за  одлуката на бугарските власти да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиновски. Муцунски посочи дека Министерството внимателно ќе ги разгледа сите аспекти на случајот и ќе одлучи кои дипломатски механизми ќе бидат преземени. „Многу сум загрижен од ова …

Муцунски разочаран од Софија што забрани влез на адвокатот Менкиновски Read More »

„Лаже ли лаже“: Андреј Жерновски за премиерот Мицкоски


  Има само еден премиер во светот кој употребува термин што не е познат во политиката. Тоа е „вистинска вистин“. А тоа е кога зборува за лажната вистина, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. И потоа изнесуваше аргументи зошто Мицкоски лажел: „Со лага дојде на власт. Во октомври 2019 …

„Лаже ли лаже“: Андреј Жерновски за премиерот Мицкоски Read More »

Седници на три собраниски комисии


Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог одлуката за одржување јавна расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство. Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе …

Седници на три собраниски комисии Read More »

„Правда за Росица“, „Правда за Ивана“ – силни пораки и барања за оставки на Осмомартовскиот марш во Скопје


  Повеќе илјади луѓе денеска учествуваа на традиционалниот Осмомартовски марш во Скопје за да го изразат силниот револт поради зголеменото насилзтво врз жените и млакиот одговор на институциите. Маршот, кој беше организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија, почна точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата …

„Правда за Росица“, „Правда за Ивана“ – силни пораки и барања за оставки на Осмомартовскиот марш во Скопје Read More »

Мицкоски го обвини Филипче дека лажел за мигрантите и дека шири манипулации


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, тврди дека државава била во изминатиот период била изложена на невистинита опозициска кампања дека се договара прифаќање мигранти од Обединетото Кралство. Реакцијата на Мицкоски доаѓа по изјавата на британскиот амбасадор Метју Лосон за ТВ 24  дека „не постои договор, ниту, пак, некогаш постоел за мигранти во замена …

Мицкоски го обвини Филипче дека лажел за мигрантите и дека шири манипулации Read More »

Филипче вели дека пензиите се под ризик


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите. Но дека и пензиите се ставени под ризик. …

Филипче вели дека пензиите се под ризик Read More »

Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ


Само неколку часа откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави „брзи законски измени“ и поефикасна заштита на жртвите, полициските билтени продолжија да носат случаи што звучат како аларм наместо статистика: напад врз малолетно девојче во семејниот дом, обљуба и присилно задржување на млада жена, како и закани со огнено оружје кон сопруга и ќерки. …

Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ Read More »

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто


Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.  Најголем удел на жени во …

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто Read More »

Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни


Посветеноста на Владата на реформската агенда е голема, и постојано се зголемува особено по завршувањето на локалните избори. Сите чекори од реформската агенда ќе бидат завршени до јуни, вели Беким Сали, министер за европски прашања, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. – И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести …

Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни Read More »

Мрачни прогнози од Катар: За неколку недели нафтата ќе чини 150 долари. Европа најмногу ќе страда


  Доколку војната на Блискиот Исток продолжи, многу светски економии би можеле да пропаднат, а сите извозници на енергија во регионот погоден од војна би можеле да бидат принудени целосно да го запрат производството во следните неколку недели, што би можело да ја зголеми цената на барел нафта на вртоглави 150 долари во истиот период. …

Мрачни прогнози од Катар: За неколку недели нафтата ќе чини 150 долари. Европа најмногу ќе страда Read More »

За ДУИ е неприфатливо отстранувањето на делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8


Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение до медиумите реагира на изјавата на министерот за транспорт јавно кој деновиве рече дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8, може да биде исклучена од проектот, повикувајќи се на ограничувања поврзани со УНЕСКО. „Оваа изјава е алармантна и неприфатлива“, реагираат од ДУИ. Тие …

За ДУИ е неприфатливо отстранувањето на делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8 Read More »

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени


  Уставни измени па сѐ друго. Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, го повтори познатиот став на сите претставници на ЕУ дека уставните измени се неопходни за да продолжи процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. Вајц овојпат тоа го кажа во интервју за бугарски Бгнес Тој уште додаде дека уставните измени не се предмет …

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени Read More »

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од СДСМ.  Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето …

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ


Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во синоќешното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што …

Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ Read More »

Мицкоски не го дава Тошкоски и ја праќа опозицијата на медицински преглед


  Премиерот Христијан Мицкоски застана зад министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, околу трагедијата со мајката и ќерката во Карпош и рече дека на опозицијата ѝ треба медицински преглед затоа што побарала негова оставка. „Јас не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого. Без разлика какви се нивните аргументи, институциите …

Мицкоски не го дава Тошкоски и ја праќа опозицијата на медицински преглед Read More »

Закопана идејата за „обратно проширување“ на ЕУ. Надежите беа потопени на една вечера


  Надежите на Украина и некои земји од Западен Балкан за забрзано членство во Европската унија беа потопени на вечера во Брисел, при што амбасадорите на ЕУ му кажаа на моќниоот шеф на кабинетот на Урсула фон дер Лајен, Бјорн Зајберт, дека земјите-членки нема да го прифатат контроверзниот предлог на Комисијата за „обратно проширување“. Отпорот …

Закопана идејата за „обратно проширување“ на ЕУ. Надежите беа потопени на една вечера Read More »

СДСМ продолжува да бара оставка од Тошковски


  Опозициската СДСМ и денеска преку прес-конференција повика на оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Карпош поради сериозните пропусти на МВР. „Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.  Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај …

СДСМ продолжува да бара оставка од Тошковски Read More »

Кој за што, Лефков за Путин, Заев и Филипче


  ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува повеќедневната кампања започната пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО во Скопје, во која се обидува да каже дека СДСМ бил продолжение на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. За оваа бесмислена тирада на самобрукање и самопонижување е задолжен пратеникот Миле Лефков. „СДС на Заев и Филипче се продолжеток на …

Кој за што, Лефков за Путин, Заев и Филипче Read More »

Сиљановска се запраша „колку вреди женскиот живот“, но не повика на одговорност за трагедијата во Карпош


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денска од собраниската говорници запраша „колку вреди женскиот живот“, рече дека е шокирана од бројките за семејното насилство, дека е потресена од „несфатливата смрт на Ивана и Катја“, но не побара директна одговорност од врвните луѓе на полицијата, од директорите за центрите за социјална работа или министри за трагедијата во скопската …

Сиљановска се запраша „колку вреди женскиот живот“, но не повика на одговорност за трагедијата во Карпош Read More »