Нема одвојување на Македонија и Албанија, велат во Брисел


Доколку Софија остане на блокадата на нацрт-заклучоците за Западен Балкан Словенија ќе објави список на земјите кој е за, а кој блокира   БРИСЕЛ – Во ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширувањето пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена. Доколку […]

„Новата епоха“ на Мицкоски почна со старите навреди кон ривалите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по изборот на конгресот рече дека негова лична филозофија бил „нов општествен консезус на рамноправни чинители“. Неколку часа подоцна, неговата партија го нападна Димитар Ковачевски дека бил пион на Заев   Љупчо Поповски Има ли надеж дека ќе се променат односите во македонската политика по неделниот избор на лидерите во двете најголеми […]

Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство


Министeрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Двајцата министри разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот беше посветен и на регионалните […]

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции


Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата. – Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе […]

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат


Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“. Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи […]

Ковачевски и Мицкоски избрани во ист ден. Дали ќе си честитаат меѓусебно?


Ова е единствен случај во македонската политичка историја двете најголеми партии да изберат свои лидери во ист ден. Но сцената за нивниот избор беше сосема поинаква – Христијан Мицкоски беше избран речиси едногласно да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години на конгрес на кој сите однапред го знаеја резултатот. Тој беше единствен кандидат. Владејачката СДСМ […]

Ковачевски е нов лидер на СДСМ, Ременски незадоволна од излезноста


Димитар Ковачевски е новиот лидер на СДСМ.На денешните внатрепартиски избори гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата. Toj освои убедливо мнозинство , односно oд вкупно 44.406 членови што излегле на гласање, за Ковачевски заокружиле 37.649. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2.836, а за Јован Деспотовски, актуелниот […]

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ


Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните. Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.   […]

Христијан Мицкоски речиси едногласно доби уште еден мандат


  Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево беше акламативно избран за уште еден мандат на чело на партијата. На конгресот присуствуваа 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња. На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања. По […]

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија)


Со новата понуда ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Александар Николоски, претставува и левичарски и десничарски и центристички постулати   Во очигледно многу оптимистичка атмосфера (па дури и во некој сегмент еуфорична) ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржува конгресот на кој треба да биде реизбран досегашниот лидер Христијан Мицкоски, да му даде поддршка на сегашното раководство и да ги […]

До 14 часот гласале речиси половина од регистрираните членови на СДСМ


Ако се суди по одѕивот до 14 часот изборите за нов претседател на СДСМ се навистина компетентни, барем што се однесува до излезноста. Се гласа на 194 места, а до 14 часот излегле 47 отсто од членовите на партијата кои се регистрирале да гласаат – во бројки 27.248 лица. Изборната комисија на партијата соопшти дека […]

Деспотовски гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во Карпош


Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски денеска гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во општина Карпош. -СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија да ја вратиме на победничките патеки


 Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес […]

(Фото вест) Ковачевски гласаше за избор на лидер на СДСМ


Кандидатот за претседател на владеечката партија, Димитар Ковачевски, гласаше на внатрешнопартиските избори за кои од партијата велат дека поставуваат нови,  највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Веднаш по Ковачевски гласање и втората кандидатка Фросина Ременски во општина Ѓорче Петров. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер […]

Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори. СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор […]

Османи во Лондон на средби со Лиз Трас, Пич, Ексобар и Лајчак


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи Денес, утре на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан кој ќе се одржи во Лондон. На состанокот како специјални гости се поканети […]

СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција


Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори. За претседател на партијата се кандидираа […]

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата


ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и […]

Османи стравува дека спорот со Бугарија може да стане замрзнат конфликт


Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека првата меѓувладина конференција со ЕУ би можела да се одржи и на 31 декември, доколку Бугарија дотогаш го тргне ветото, меѓутоа, во спротивно стравува дека спорот може да премине во замрзнат конфликт, а Република Северна Македонија да стане изолирана во европските перспективи. Тоа нагласи тој, не […]

СДСМ утре ќе го избере наследникот на Заев


По три мандати минати како лидер на СДСМ, Зоран Заев заминува од првата позиција. Утре 60.000 активни членови на СДСМ ќе го изберат петтиот партиски лидер од 1992 година  од тројцата кандидати што влегоа во трката –  Димитар Ковачевски, Фросина Ременска и Јован Деспотовски. Ова ќе бидат втори непосредни и директни внатрепартски  избори.  Заев не […]